„Тројца извонредни шампиони за човекови права“ – добитници на Нобелова награда за мир 2022

07.10.2022 12:17
„Три извонредни шампиони за човекови права“ – добитници на Нобелова награда за мир 2022

Норвешкиот Нобелов комитет одлучи да ја додели Нобеловата награда за мир за 2022 година на еден поединец и на две организации.

„Лауреатите на наградата за мир го претставуваат граѓанското општество во нивните матични земји. Тие долги години го промовираат правото да ја критикуваат власта и да ги штитат основните права на граѓаните. Тие направија извонредни напори да ги документираат воените злосторства, злоупотребата на човековите права и злоупотребата на моќта. Тие заедно го демонстрираат значењето на граѓанското општество за мирот и демократијата“. - велат од Комитетот.

Нобеловата награда за мир за 2022 година се доделува на активистот за човекови права Алес Бјалиатски од Белорусија, руската организација за човекови права Меморијал (Memorial) и украинската организација за човекови права Центар за граѓански слободи (Center for Civil Liberties).

Слични содржини

Општество / Активизам / Свет
Општество / Активизам / Свет / Психологија
Општество / Активизам / Свет / Теорија
Општество / Активизам / Gif / Книжевност
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif

ОкоБоли главаВицФото