1015 hPa
68 %
19 °C
Скопје - Саб, 06.06.2026 00:59
Како дете, Руфаи Закари Џабре и неговите пријатели шетале по улиците на Бавку, Гана, барајќи расфрлени пластични кеси и амбалажи од храна. Потоа, тие седнувале заедно и од нив си правеле играчки и скулптури. Денес, години подоцна, Руфаи изгради цела уметничка кариера од истата премиса - создава уметнички дела користејќи исклучиво рециклирани материјали.
Неговите дела, со сите нивни живописни бои, се направени со намера да ги осветлат темите за кои Руфаи отсекогаш сакал да разговара - индустријализацијата, консумеризмот, загадувањето и климатските промени.
Уметничкиот процес на Закари е инспириран од неговата цел да ја заштити животната средина од деструктивна системска индустријализација. Тој смета дека со инкорпорирање на рециклирана пластика и отпад во неговите уметнички дела, се залага за животната средина и укажува на многуте начини на кои ја загрозуваме, преку нашиот неодговорен консумеризам и невнимателно лошо управување со отпадот.








Извор: wepresent.wetransfer.com