Нова српска (а ко да е наша) сатира (15) - Нам ни е минато и идното време

12.10.2022 16:10
Нова српска (а ко да е наша) сатира (15) - Нам ни е минато и идното време


Милан Р. Симиќ

Тоталитарната власт без купот кодоши, полтрони и лесно поткупливи, и без бескарактерната толпа, е никој и ништо.

 

Лесно ги преминаа сите граници на вкусот. Тие граници никој не ги чува.

 

Стрпете се, ќе има и фатаморгана.

 

Горан Иванковиќ

Нема баш сè да ни земат. Нешто ќе треба и самите да дадеме.

 

Кај нас најмногу зборуваат оние кои не знаат што говорат.

 

Кратката памет е практична. Полесно се одржува.

 

Милорад Ч. Ќосиќ Ќоса

Партијата се подели при поделбата на пленот.

 

Бунтот секогаш има смисла, особено ако смислата е загубена.


Нам ни е минато и идното време.

Ненад Митиќ

Се издолжи историскиов момент. Животот ќе ни помине во него.

 

Им пруживме раце за помирување. Нешто да ни уделат.

 

Нашиот водач ги знае сите одговори. Тој дури и прашањата сам ги составува.

 

Јован Крагујевиќ

Прво на народот ќе му земете мерка, а потоа ќе му скроите историја.

 

На европскиот пат има многу кривини, па водачот реши да ја намали брзината.

 

Ако мислите, ќе ве боли глава. Ако сакате, ќе ве боли срце. Ако работите, ќе ве боли грбот. А ако за сето тоа ве заболе онаа работа, мора да сте политичар.

 

Драгослав Митровиќ

Си дојде на себе? Колку долго остануваш?

 

Претседателот направи сè Србија да ја одвлече во Европа. Лично ја викна шлеп службата.

 

Какви услови за лекување во Србија ќе имаат кардиоваскуларните, хируршките, гинеколошките и другите болни? Е, за тоа во земјава одлучуваат душевно болните.

Зоран Додеровиќ

Откако лаѓите ни потонаа, станавме сидро на стабилноста во регионот.

 

Говорот на омраза го оставивме зад себе. Ехото нè следи во чекор.

 

Марко Миљковиќ

Се продадовме. Со тоа ги купивме.

 

Оние што го бараат нашето мислење не би ги коментирал.

 

Дејан Патаковиќ (1941-2019)

Поведете ме во посветлата иднина час поскоро, додека струјата не поскапела.

 

Душата ми је земаа, ама што ми фали?! Не сум јас емотивец!

 

Најлошо од сè е што нашето време допрва доаѓа!

Избор и превод: П. В.

Карикатури: Душан Петричиќ