Достоинствено да го изедначиме фашизмот со антифашизмот

13.10.2022 22:29

(...) Или, пак, поголема навреда е дволичноста на ЕУ со онаа расштимана политика на 27 страни, преточена на терен преку изјавите на некои службеници дека „сега само уште Уставот да го смените“ и после сѐ ќе зависи од вас. Како бре, сѐ зависи од нас, кога една земја-членка на ЕУ не нѐ признава ни дека постоиме како Македонци што зборуваат македонски јазик, а вие тоа им го прифативте со писмен документ заверен во Брисел? Промената на Уставот е услов само за да ги почнеме преговорите. Но, не дадовте никаква гаранција дека Бугарија нема да го закочи нашиот прием во ЕУ повикувајќи се баш на таа изјава дека не постои македонски јазик. Па и овие провокации ги прават баш за да се искомплицира нашето влегување во ЕУ, промената на Уставот да биде уште потешка за проголтување. Еве до кај нѐ доведе тоа европско толерирање на бугарското негирање на македонскиот јазик и народ – таа земја сега на терен изедначува фашизам со антифашизам, а останатите 26 земји-членки си ги мијат рацете – не знаеме ние таа работа, решете си го билатералниот спор сами.

Горан Михајловски, СДК, 07.10.22.