Изгубено & најдено: прекрасен анимиран филм за несебичноста на вистинската љубов

14.10.2022 11:00
Изгубено & најдено: симпатичен анимиран филм за несебичноста на вистинската љубов

„Изгубено & најдено“ е симпатичен стоп-моушн филм кој бележи драматична пресвртница во слатката врска помеѓу две плетени животни - играчки. Шармантната лисица и вљубениот диносаурус имале повеќе убави моменти заедно, во корпата за „изгубено-најдено“ во еден јапонски ресторан. Но, кога лисицата случајно ќе падне во една фонтана, диносаурусот ќе даде сè од себе за да ја спаси.

Краткиот филм, во режија на Ендрју Голдсмит и Бредли Слејб, продуциран од Луси Џеј Хејс, убедливо ги отсликува внатрешните животи на неговите протагонисти и ја користи кревката природа на плетењето, како начин да ја претстави суштината на приказната.

Lost&Found учествувал на повеќе филмски фестивали уште од својата премиера во 2018 година.

Позади камерите:

Фотографии @lostandfound.film 

ОкоБоли главаВицФото