Свиркање

14.10.2022 11:33

О, умеам јас да викам и вриштам,
умеам и да се смеам и пеам,
но кога сакам да свиркам
- е тогаш само зевам.

Технички имам добри методи
и устата ја вежбам, главно кришум;
но кога дувам само воздухот оди
и не се слуша ни шум.

Ќе се трудам сепак да дознаам
како се свирка гласно и јасно,
за еден ден, кога ќе свирнам,
сите да речат: прекрасно.

Превод: П. В.

Jack Prelutsky (1940), американски поет, роден во Бруклин. Пишува исклучиво поезија за деца и млади. Објавил над 50 книги, меѓу кои и антологијата со стихови од англиското говорно подрачје за деца: Детска поетска ризница на 20 век (1999).

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
Пандалф Вулкански
Пандалф Вулкански
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото