Почина ликовниот уметник Јован Балов

17.10.2022 09:26
Почина ликовниот уметник Јован Балов

Јован, со две верзии од себе, дел од серијалот "Ego sum, qui sum" ("Јас сум тоа што сум")

Неколку недели пред неговиот 61 роденден, почина македонскиот ликовниот уметник Јобан Балов кој живееше и твореше во Берлин, Германија.

Покрај богатата уметничка кариера, Балов останува запаметен и по улогата на културен амбасадор. Во 2004 година тој ја отвора галеријата „Прима центар“ во Берлин, место каде на негова иницијатива се одвива интензивен ликовен живот на уметници од Македонија и од регионот. Со овој потег Балов ја отвора берлинската сцена за колегите од Македонија и Балканот, за што е одликуван и со признанието „Херој на балканската култура“ во 2007 година во Атина.

„Воопшто и не планирав да бидам некој кој ќе ги поврзе Берлин со Македонија и балканската уметност. Затоа и за мене големо изненадување беше и доделувањето на медалот и моето прогласување на Херој на балканската култура во Атина, во 2007 година. После тоа почнав да размислувам во тој правец, но тоа не е моето определување! Јас сум пред сè уметник. Но, има дел од мене кој сочувствува со колегите. Затоа и одлучив да ја задржам галеријата ‘Прима центар’, продолжив да работам со неа и што е можно побрзо да ја претворам во платформа за алтернативната и млада македонска уметност. Одоговрноста е голема. Јас ја познавам берлинската сцена, услови, криктика и многу добро знам кој тука би се вклопил, а кој не“, изјавува Балов во едно интервју за „Дојче веле“ пред 10 години.

Во уметничката кариера од 40 години, Балов реализирал многубројни проекти и изложби во Германија, Русија, Словенија, Франција, Грција, Австрија, Полска, Финска, Израел, Англија, Србија, Италија и во многу други земји.

Последното претставување е закажано за 21 октомври во групна изложба во галерија во Берлин.

ОкоБоли главаВицФото