1025 hPa
56 %
6 °C
Скопје - Вто, 10.03.2026 22:59
Кој го забремени времето
Во овој простор без годишни доба
Со пакосен дух и семе скаменето
Од Злоба
Кој ја испогани преѓата
Ткаена низ векови, со срце и слога
За чии пизми и шизми, низ судби изгубени
Без Бога
Кој ги разблуди брановите
И ги замати бистрините што зрачеа светост
Врз мудроста камен фрли и ги распали огновите
Од клетост
Некој го забремени времето
И го запусти просторот со омраза дрска
А јас ги преспивав утрата и лебдев низ ноќите,
Без план, без врска