Џенемово

20.10.2022 12:44

Ми доаѓа да фатам Џенемово
Такво е времево, на бестрагија повикува
Од сите страни сардисан во тешки мисли далдисан
И земја што на пустелија наликува
Ми доаѓа да фатам Џенемово
Да си го олеснам бремево, за мојот удел во небиднината
Белким постои некој предел каде на убавината би се предал
За една насмевка што ќе ја промени судбината
Опчинет со некоја движечка магија
Се подготвувам; време е сидрото да се крене
Бадијала, знам, кај и да стигнам душава ќе свене
Нема беганија ни бестрагија
Џенемово е во мене

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото