Коба

25.10.2022 13:23

За секое време и во секоја доба
Постои некој малечок Коба
Што од корист или чиста злоба
Ќе ти распори утроба
Ќе ти раздроби дробови
Ќе ти испитува родови
Ќе ти ѕирка во спална соба, буричка во гардероба
И одредува глоба
За морална неподоба, недостаток на патриотизам
Или сличен кретенизам
Дали е тоа судба или зла коб
Таква караконџола ти коби и в гроб
Кога мртвите души стануваат роба
Зад тезгата стои некој малечок Коба

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото