Кучињата и нивните луѓе

26.10.22 11:28

„Love Immortal“, е книга на антикварот и колекционер Ентони Каво, во која се нагласува безвременското и универзално чувство на генерации луѓе: кучињата се составен и рамноправен дел од семејството.

Таткото на Каво исто така бил антиквар, па кога тој пораснал во него била веќе длабоко вкоренета љубовта и почитта кон старите предмети, особено фотографиите. Повеќе од педесет години тој составува неверојатен каталог на слики, кој вклучува и стотици портрети на кучиња и на нивните расположени сопственици.

Новиот том на „Love Immortal“ содржи повеќе од 200 фотографии направени меѓу 1840 и 1930 година кои го опфаќаат и технолошкиот развој на медиумот, што се забележува во самите фотографии.

Извор: Colossal

Слични содржини

Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Око
Фотографија / Психологија / Око
Фотографија / Квир / Око
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Наука / Око / Историја
Активизам / Фотографија / Свет / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото