Промоција на публикацијата „ЗБОРУВА АКТО! 2006-2020“

27.10.2022 13:58
промоција на публикацијата „ЗБОРУВА АКТО! 2006-2020“

Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме на промоција на публикацијата „ЗБОРУВА АКТО! 2006-2020“ што ќе се одржи на 29 октомври (сабота), со почеток од 12 часот во Музејот на современа уметност - Скопје. Промотори: Елизабета Шелева, Владимир Јанчевски, Биљана Тануровска - Ќулавковски.

Во склоп на промоцијата ќе се проследи и визуелна и аудио инсталација „Хусински рудар (моето минато е ваша иднина)“ со Бранко Шимиќ.

Настанот ќе продолжи во 21 часот во Макка бар, со настап во живо на Марија Каева, Димитра па Мирко Попов Quartet.

Повеќе за 17. АКТО фестивал за современи уметности – Современи (не)демократии II - Грижа и заедничките простори на www.akto-fru.org

17. АКТО е продуциран од организацијата „Факултет за работи што не се учат - ФРУ“ и е поддржан од Министерство за култура на Република Северна Македонија, Европска унија - проект „Острови на сродност“, ГЕТЕ институт – Скопје, Фондација „Хајнрих Бoл“. Настанот се реализира во партнерска соработка со Музејот на современа уметност – Скопје.

ОкоБоли главаВицФото