Дело на Мондриан било изложено наопаку повеќе од 75 години

01.11.2022 11:24
Дело на Мондријан, било изложено наопаку, повеќе од 75 години

Уметничкото дело на холандскиот апстрактен сликар Пит Мондриан било изложено наопаку во различни галерии повеќе од 75 години, тврди историчарка на уметност.

Сликата од 1941 година за прв пат била изложена во Музејот на современа уметност во Њујорк во 1945 година.

Од 1980 година е дел од уметничката колекција на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија во Дизелдорф.

Кураторката Сузан Маер-Бусер ja забележала долготрајната грешка додека вршела истражување за новата изложба на Мондриан што музејот ја подготвувал. Таа сепак предупредува дека сликата може да се распадне ако сега се закачи од десната страна угоре.

Сликата Њујорк Сити 1 е направена на самолеплива лента по примерот на истоимената друга слика на уметникот, Њујорк Сити.

Наопаку

„Задебелувањето на мрежата треба да биде на врвот, како темно небо“, изјави Маер-Бусер за Гардиан, зборувајќи за недовршеното и непотпишано уметничко дело составено од црвени, сини и жолти ленти.

„Кога им го посочив ова на другите куратори, сфативме дека е многу очигледно и многу веројатно дека сликата е свртена на погрешна страна“, додава таа.

Кураторката Сузан Маер-Бусер пред сликата Њујорк Сити 1

Се чини дека доказите ја поддржуваат оваа теорија бидејќи на сликата со слично име, изложена во Париз, задебелените линии се појавуваат на врвот, а не на дното.

Дотолку, на фотографијата од студиото на влијателниот Холанѓанец, создадена неколку дена по неговата смрт, може да се види и штафелајот на кој сликава е поинаку свртена. Оваа фотографија е објавена во американското списание Town and Country во јуни 1944 година.

***

Пит Мондриан е роден во близина на холандскиот град Утрехт во 1872 година.

Го сметаат за еден од најголемите уметници на 20 век и пионер на современиот апстрактен минималистички стил.

Како ко-основач на уметничката група и движење Де Стијл, во потрага по „универзална убавина“, го развил  неопластицизмот.

Се преселил во Париз во 1911 година и почнал да експериментира со кубизмот.

Неговото име денес е синоним за модернизмот општо.

Неговите дела имаа огромно влијание не само во светот на уметноста, туку и на дизајнот, архитектурата и модата.

Според германската галерија, неговата серија њујоршки слики од 1941 и 1942 година, создадена непосредно пред да почине на 71-годишна возраст, се смета за „револуција во строгиот гешталт концепт на Мондријан“.

Делото Њујорк Сити 1 во германската галерија е опишано како „жив, динамичен ритам на обоени, црвени, сини и жолти ленти кои даваат едноставен сликовен јазик со геометриска структура, сведена на основни бои, со додавање на црно и бело".

Извор: BBC News

Слични содржини

Општество / Живот
Книжевност / Живот
Фотографија / Живот / Култура / Уметност
Графички Дизајн / Книжевност / Живот / Уметност
Книжевност / Екологија / Живот / Историја

ОкоБоли главаВицФото