Солзи - бисери

02.11.22 13:28

Бисерите со векови се ценети поради нивниот прозрачен сјај и опсегот на нијанси во кои може да се најдат, а за првпат се документирани како скапоцени камења пред повеќе од 4.000 години во Кина.

Овие перли се симбол на среќа, мудрост и просперитет во културите низ целиот свет, и се дел од митовите и легендите поврзани со божествени суштества, за кои често се вели дека се создадени од солзите на сирените или боговите. Има верување кое потекнува од грчката митологија според кое ако невестата носи бисери на денот на нејзината венчавка, таа нема да плаче.

Керамичките скулптури на Бутаокси Као, од студиото Први мај, се надоврзуваат на оваа историја и ги претставуваат емоциите и поврзаноста преку низи од бисери. Во нејзината серија “Солзите се бисери”, Бутаокси ја истражува универзалноста на интензивното чувство и ги применува блескавите бисери за да изрази низа различни емоции - од тага до фрустрација, од болка до радост. Испитувајќи како емоциите нè поврзуваат едни со други и со нашето минато, уметницата користи бисери во различни форми и големини, кои протекуваат од очите или се поврзуваат со други фигури.

„Драги“ (2021)

Детали за „Драги“

„Внатрешна рамнотежа“ (2021)

„Блокови од снегулка“ (2022)

„Среќна сум“ (2021)

Детали од „Среќна сум“

Лево: „#Stickergirl“ -Девојче-налепница“ (2022). Десно: „Водопад од солзи“ (2022)

„Госпоѓица“ (2021)

Лево: „Корално море (Пацифик)“ (2022). Десно: „Кревкост и нежност“ (2022)

„Солзите се нишаат“ (2022)

Извор: Colossal 

Слични содржини

Фотографија / Уметност / Око
Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото