Морничави реклами

27.01.2011 16:22
Морничави реклами

Реклама за списанието Chronic’art, за нивниот број кој излезе за Ноќта на вештерките. Слоганот гласи: „Дали интернетот ги открива сите наши перверзии?“ Дело на рекламната агенција DraftFCB од Париз.

„Ве буди со секој гриз.“ Реклама за јадењето васаби (нешто слично на одреден вид зеленчук прелиен со силно лут и остар сос), на агенцијата Grey од Сингапур.

Дело на агенцијата McCann Erickson од Индонезија. Во првата реклама се вели: „Најдете ги ретките патики во 707“; во втората: „Најдете ги ретките маици во 707“ и во третата: „Најдете ги ретките панталони во 707“.

Реклама за сос, во која сирената јаде дел од своето тело. Одвратно дело на Rethink од Ванкувер, Канада.

Ако оваа реклама ве остави рамнодушни, тогаш морате да знаете дека вие најверојатно немате срце. А слоганот гласи - „За сериозен студ“. Агенцијата која е одговорна за оваа грозотија е WAX од Калгари, Канада.

Трите горни реклами се всушност рекламни плакати за Колеџот за уметност и дизајн од Онтарио, Канада, а се осмислени од агенцијата Huxley Quayle von Bismark од Торонто. Нивното мото гласи „Научете што е потребно за да станете еден од најдобрите“.

„Малку“ невообичаена реклама за течен сапун на агенцијата Euro RSCG од Бомбај, Индија, која ни порачува дека ако не сте целосно чисти, тогаш сте валкани.

Ослободување на болките во грлото, или како што се вели во слоганот на компанијата Новартис - „Трахеотомија во апче“.

Вознемирувачка кампања за ножевите Wusthof која прикажува одрана кожа од неколку животински видови. Творба на изопачените умови од агенцијата Ogilvy & Mather од Бангкок, Тајланд.

И за крај, можеби уметнички најиздржаната, но не помалку вознемирувачка реклама која одлично го слика лудилото кое се јавува при секоја распродажба во продавниците (посебно во западните земји) - дело на рекламната агенција Draftfcb од Мексико.

Извор: smashad.com

Одвратно. Сите. Добив нагон

Одвратно. Сите. Добив нагон за повраќање.

Таа со сапунот - врв на

Таа со сапунот - врв на одвратноста!

ОкоБоли главаВицФото