"Маалски фестивал" во организација на КСП Центар Јадро

04.11.2022 16:48
"Маалски фестивал" во организација на КСП Центар Јадро

На 4ти, 5ти и 6ти ноември 2022, во организација на КСП Центар Јадро, на повеќе локации ќе се одржува првиот "Маалски фестивал."

Идејата на овој фестивал е да ги обедини уметноста и маалскиот живот. За време на фестивалот, во просториите на КСП Центар Јадро, како и на повеќе локации во Дебар Маало, ќе бидат изведени голем број на улични уметнички акции.

Ова вклучува маалски тури или посета на најзначајните локални точки, танцови перформанси, поетски читања, концерти, работилници, филмски промоции, театарски претстави и книжевни промоции.

Овој мултимедијален и инклузивен колаж од збиднувања има за цел да ја анимира и инспирира локалната заедница. Па така, и уметниците и публиката заеднички ќе учествуваат во создавање на една неповторлива и автентична маалска/фестивалска приказна.

Фестивалската програма започнува во петок (04.11.2022) со кратки уметнички улични акции кои почнуваат во 18:30 пред Општина Центар (наспроти споменикот на Горан Стефановски) и кои продолжуваат по ул. Орце Николов се до КСП Центар-Јадро.

Отворањето на фестивалот е во 19:00 часот во просториите на КСП Центар-Јадро (ул. Алберт Ајнштајн бр.2, 1000 Скопје, РСМ).

Слични содржини

Општество / Активизам / Култура / Уметност / Настан
Општество / Активизам / Култура / Теорија / Историја
Општество / Активизам / Култура
Активизам / Култура / Уметност
Општество / Активизам / Фотографија / Култура

ОкоБоли главаВицФото