Таму каде што тинаму јаде тирамису

04.11.2022 17:00
Таму тинаму јаде тирамису

 

Препелица нахранила грлица со стеница!

 

Папагал пчеларки почестил со лебарки!

 

Кобец хранел јазовци со молци и комарци!

 

Јато треперки изело нива со пиперки!

 

Галеб со тетреб се борел за корка леб!

 

 

Грлица лапа белвица пред препелица!

 

Гуска подарила кркушка на кокошка!

 

Блатна кокошка со црв се кошкала за трошка!

 

Градска ластовичка и селска ластовичка се степале за краставичка!

 

Сипка торбарка од полжав оставила само шлупка!

 

 

Степска ветрушка грабнала кркушка пред зеленонога блатна кокошка!

 

Пиштарка скришно јадела крушка во грмушка!

 

Прдавец-скржавец пред штурче трскарче изел полноглавец!

 

Пред шокираното рибарче: Врана голтнала пирана!

 

Белограден кос нападнал лос за лосос!

 

 

Албатрос седи на абонос и крка лосос во лотос!

 

Папагалот жако јаде јаболко, а пламеноглавиот турако гинко.

 

Големиот казуар и малиот пегав киви јадат манго.

 

Хиацинтовата ара и златоглавата јандаја обожаваат да јадат папаја.

 

Црноглави трогони парчосале кесичка гумени бонбони!

 

Тинаму јаде тирамису.

 


Слики: Angela Moulton

ОкоБоли главаВицФото