„Зелен хуман град“ отворија уста

07.11.2022 09:55
„Зелен хуман град“ отворија уста

Една година од коалицијата со Данела Арсовска конечно дочекавме „Зелен хуман град“ да отворат уста на тема загадување и, очекувано, прстот е вперен кон владата, а не кон градот.

Сега ЗХГ се буни зашто топланите ќе работат на дизел и, секако, владата е крива за тоа. Не се Путин и Русија одговорни за енергетската криза на цел континент - владата е крива што не обезбедила гас (прекршувајќи ги санкциите). А и владата е крива што не ги слушала кога и’ викале од ЗХГ да се преориентираме кон соларна енергија.

Данела не е крива за да биде спомната од ЗХГ. Тоа што градот имаше формирано претпријатие за енергетика и греење, а Данела го затвори - не е вредно за спомнување. Тоа што АД ГЕС ќе можеше да управува со топлификациската мрежа, да загрева домови, да воведува нови енергенси, како сонце, да ги одредува цените на греењето, да помага на социјални случаи да останат во мрежата... тоа не ги занима ЗХГ. Дотолку, да беа вистинска зелена организација, ќе го побараа тоа место (или Паркови или КХС) од коалицискиот колач, за да можат директно да влијаат врз загадувањето во Скопје. Ама, бидејќи се банда кучкари, си го побараа Лајка и еве веќе втор директор имаат и ништо се нема случено на планот на кучкарските прашања, а камоли на планот на загадувањето во градот.
Штета што веќе нема новинари и медиуми да им стават микрофон пред фаца за да ги прашаат овие измамници како ја оценуваат првата година на Данела, какви се состојбите со загадувањето и зеленилото во Скопје, какви се односите во коалицијата? Што ги спојува со ЗХГ со Левица, ГРОМ, ДУИ и Алијанса и како се задоволни од соработката?

Слики: Gigi Chen

ОкоБоли главаВицФото