За стрип наградата Лифт #5 конкурираат 18 автор(к)и со 16 стрипови

07.11.2022 10:43
За стрип наградата Лифт #5 конкурираат18 автор(к)и со 16 стрипа

На петтиот конкурс за стрип наградата Лифт стигнаа 16 стрипови од 18 автор(к)и. Во продолжение ги пренесуваме имињата на сите автор(к)и и по една страница од нивните стрипови.

За резултатите од конкурсот ќе информираме при крајот на месецов.

Жирито на наградата Лифт го сочинуваат Никола Гелевски, Јана Јакимовска и Владимир Трајановски.

Тројцата најдобро оценети автор(к)и ќе добијат книги и стрипови од книгоиздателствата Темплум и Бункер во вредност од 500 евра (250 евра за првата/првиот, 150 евра за втората/вториот и 100 евра за третата/третиот).

Еве го списокот на автор(к)ите и насловите на стриповите испратени во 2022 година:

Борјан Андреевски, Лисицата и штркот (11 стр.)

Јана Илиевска, Како е да се има зајак (2)

Тамара Мишовска, Медено срце (5)

Петар Миљковиќ, The life od true dystopia (8)

Оливер Бојаџиев, Слоеви (6)

Наташа Егуменовска, Farewell (16 стр.)

Стефан Гулевски, m=t (8)

Александар Стеванов и Дарко Богданов, Како на стрип! (4)

Јована Петрушевска, Нора и Широ (5)

Миха Ѓоргон, The Haist (5)

Мона Новак, Princess Perfect (8)

Златко Крстевски, Moderne haarpflege (6)

Славица Панева, Гротендорст (4)

Надица Тренчева, Was is dast Берлин (3)

Наташа Цонева и Зорица Коцева, FATH

Христо Петрески, Конески (5)

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото