Црно-бели фотографии во ново руво

07.11.22 14:11

Австралиската уметница Џејн Лонг ги трансформира старите искинати и избледени црно-бели фотографии во шарени фантастични дела, давајќи им на субјектите нов и целосно надреален контекст.

Фотографиите кои ги користи за нејзината серија „Танц со Костика“, се снимени пред повеќе од половина век од страна на Костика Аксинте, романски воен фотограф кој ја документирал Првата светска војна.

Фотографиите на Костика ги доловуваат стегнатите изрази на лицата и напнатите очи на субјектите во време кога насмевката не била вообичаена за сликите.

„Сакав да го сменам контекстот на фотографиите," вели Лонг. „Фотографските практики во тоа време ретко кога подразбирале насмеани лица на фотографиите, но тоа не значи дека субјектите не се смееле или не љубеле. Сакав да го претставам тоа со сликите“.

Извор: Colossal

Слични содржини

Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Активизам / Фотографија / Свет / Уметност / Око
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Екологија / Уметност / Око
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото