Жени - улични фотографки

09.11.22 13:36

Уличната фотографија е запис за светот, но и изјава на самиот уметник: приказ како тие го гледаат светот, кои се тие, што го привлекува нивното внимание и ги фасцинира.

Поранешна фоторепортерка на Асошиејтед прес и сегашна фотографка на дела од ликовната уметност, Гулнара Самоилова, доаѓа до сознание дека кога станува збор за улична фотографија, на теренот во голема мера доминираат мажи. Со идеја да ја поправи оваа нерамнотежа, таа ја основа платформата Women Street Photographers во 2017 година.

Денес Women Street Photographers прерасна во веб-страница, уметничка резиденција, серија изложби, филмски серии, и книга објавена овој месец од Престел. Книгата ја споредува работата на 100 жени од 31 земја, при што како што вели Самоилова, томот од 224 страници е само „мал примерок од сето она што е таму“, што е поврзано со желбата на фотографките да ги споделат своите гледишта и да го документираат светот преку нивните објективи кои опфаќаат различни раси, етникуми, верувања, возрасти, способности и сексуални и родови идентитети.

Гулнара Самаилова, „Јадачи на облаци“ (2018)

Бирка Видмаер, „Без наслов“ (2019)

Бруна Ротуно, „Материјална вода #1“ (2011)

Димпи Балотија, „Птици на рамениците“ (2018)

Б Џејн Левин, „Црвена надградба“ (2019)

Емили Гартвејт, „Ноќен автобус во Калкута, Индија“

Орна Наор, „Жени на морето“ (2019)

Флоренс Оливер, „Станицата во Лион“ (2018)

Регула Шуми, „Танц на радоста“ (2019)

Ксимена Ечаг, „Душата на Ганг“ (2019)

Извор: Colossal

Слични содржини

Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Активизам / Фотографија / Свет / Уметност / Око
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Екологија / Уметност / Око
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото