Марк Твен во лабораторија кај Тесла

09.11.2022 13:55
Марк Твен во лабораторија кај Тесла

 „Во рајот се оди поради климата, а во пеколот поради друштвото“ - така говорел култниот американски раскажувач Семјуел Лангхорн Клеменс (1835-1910), познат под литературното име Марк Твен. Оваа фотографија го прикажува Марк Твен како ја посетува лабораторијата на Никола Тесла на Јужната Петта авенија бр.35 (која ќе изгори во пожар една година подоцна).

Додека Твен го набљудува електричниот блесок во позадина се гледа американскиот научник со српско потекло, скриен во сенките лево. Во зенитот на креативноста, чуден, генијален и ексцентричен, Тесла бил прославен во њујоршкото општество како да е магионичар, а неговите средби со угледни уметници не биле реткост. Од друга страна, помалку е познато дека Твен често уживал во друштво на американски пронаоѓачи и дека како претприемач инвестирал во нови пронајдоци, но немал многу среќа на пазарот.

Фотографијата настанала во пролетта 1894 година, за време на состанокот меѓу Твен и Тесла, а се семта дека првпат била објавена една година подоцна, во април 1895 година, во списанието Century, во написот „Осцилаторот на Тесла и други пронајдоци“ од Т. С. Мартин.

Извор: naukakrozprice.rs

Слични содржини

Технологија / Живот / Теорија
Книжевност / Живот
Книжевност / Живот
Наука / Технологија / Око
Книжевност / Психологија / Живот

ОкоБоли главаВицФото