Тогаш ништо не чинеше

09.11.2022 18:16

Тогаш ништо не чинеше
Сега сè чини
Или барем се чини
Дека нешто чини
Тогаш ништо не чинеше
Не бевме доволно чинители
Па испокршивме чинии
И станавме причинители
На сопственото нечинење
Расчинети офицери без почин и глорија
Бараме начин да избегаме од последниот чин
И есап чиниме: колку чини прокоцкана историја?

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото