Плишени ликови во пост-апокалиптичен свет

11.11.22 10:44

Уметницата Марина Глебова од Истанбул замислува пост-апокалиптичен свет од соништата населен со волшебни плишени ликови.

Хибридните суштества со животински и човечки карактеристики се облечени во слоеви и чудни наметки; ликовите често им се премногу експресивни со големи, изненадени очи, срдечни или итри насмевки.

Глебова објаснува дека започнува со креирање на лицето или главата, па од него произлегува изгледот на телото и облеката на фигурата. „Наративот, приказната, секогаш се појавува на крајот од интеракцијата со куклата“, вели таа. „Дури кога куклата или серијата дела се готови, можам да ги погледнам одвоено и да ги преточам чувствата што преминуваат во приказна, а со тоа да ги поврзам и со останатите ликови кои веќе живеат во овој универзум“.


Извор: Colossal

ОкоБоли главаВицФото