Од плакарот

11.11.2022 17:42

Не дека не знаевте
Ви беше кажано
И повторувано
По стопати:
Во оваа ваша убава куќа
Слободно одете насекаде
Правете што ви е мило ем драго
Секој во својот простор
И на секоја педа да се чувствува дома
Може да си играте во големиот зелен двор
Да се капете во базенот
Да берете од овошките, да си вртите скара
Да читате книги (иако никогаш не сте биле по читањето)
На верандата, да се нишате на лулашките...
Единствено не го отворајте
Таинствениот плакар
Никогаш!
А не дека има што да се најде
Нема скриено злато, а ни семејното сребро не е таму
Плакар како плакар:
Неколку мувлосани униформи
На разни војски, на закачалки
Стари знамиња разјадени од молци
’Рѓосани меморабилии, пожолтени слики од семејниот албум
Труби, лимен барабан, гајди и гусли (парчиња три, со едно гудало)
Смрдеа и реа на стари митови и легенди
Затурено шише од лоза – брља
Некои нерасчистени сметки, можеби и по некој костур
Лаги и полувистини под мрежа од пајажина
И други запаливи хемикалии
Кои пеплосуваат сè во допир со свеж воздух
Ама вие, детишта распрдени, не можевте
А да не го отворите плакарот

Сега, чешајте се!

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото