Инвестиции во градба или реконструкција за туристички цели во рурални средини

15.11.2022 13:46
Мерка 7 од ИПАРД: Инвестиции во градба или реконструкција за туристички цели во рурални средини

Од искористувањето на фондот од ИПАРД 3 Програмата (2021-2027), кој ќе биде за 60% поголем од буџетот на ИПАРД 2, се очекуваат многубројни придобивки како на пример:

– подобрување на стандардот на земјоделците,
– подобрување на пазарната конкурентност и ефикасност,
- зголемување на вработеноста во руралните средини,
- подобрување на ветеринарните стандарди и унапредување и заштита на животната средина.

Со последиот јавен повик од ИПАРД 2 програмата се покажа големата заинтересираност за инвестиции и развој на руралниот туризам кој како прифатлива инвестиција е опфатен со мерка 7 Диверзификација на фармите и развој на бизниси. Оваа мерка ќе биде застапена и во новата ИПАРД 3 програма (2021-2027) година, со што се отвораат можности за нови инвестиции во руралниот туризам.

Новина во оваа програма ќе биде предфинансирањето, односно променет е и начинот на исплата на одобрените средства за одобрените проекти. Се предвидува авансна исплата на средства и тоа од 30 – 50 % од сумата со самото склучување на договорот за проектот.  

Тоа, низ пример, значи дека ако се конкурира со проект вреден 100.000 евра за мерка каде повратот на инвестицијата е 60 %, апликантот, преку авансното финансирање, со склучување на ИПАРД договорот ќе добие до 50 % од средствата или 30.000 евра.

Во продолжение прочитајте повеќе за што се може да се аплицира, какви услови треба да се исполнат и кои документи се потребни за инвестиции во руралниот туризам:

Кој може да аплицира:

– Физички лица:
• Лице регистрирано во Единствениот регистар на Семејни земјоделски стопанства
• Регистриран индивидуален земјоделец
• Физичко лице регисрирано како: занаетчија, угостител, трговец поединец,

Правни лица (микро и мали претпријатија):
• Правни лица регистрирани во Централен регистар, кои не вработуваат над 50 вработени и немаат годишен обрт над 10 милиони €.

-Задруги
• Задруги регистрирани во Централен регистер согласно законот за задруги.

II. За што може да се аплицира во Руралниот Туризам
• Сместување во соби, апартмани, кампови, бунгалови – Инвестиции во градба / реконструкција за туристички цели во рурални средини мора да го следат традиционалниот стил на градба.

Доколку барателот е физичко лице, инвестициите во градба / реконструкција за туристички цели за сместување и / или ресторански услугисе ограничени на:
• 10 соби (20 гости)
• 10 сместувачки единици за сместување на отворено (30 гости)
• 50 гости за ресторански услуги

Доколку барателот е правно лице, инвестициите во градба / реконструкција за туристички цели за сместување и / или ресторански услугисе ограничени на:
• 20 соби (50 гости)
• 30 сместувачки единици за сместување на отворено (90 гости)
• 150 гости за ресторански услуги
• Готвење и служење на храна
• Соби за дегустација / продажба.
• Рурални музеи
• Простории за семинари / обуки,
• Едукативни фарми
• Рекреативни активности на туристите.

Прифатливи трошоци
• Прифатливи трошоци се: градежни материјали и елементи за изградба на нови објекти или реконструкција и адаптација на постоечки објекти (згради и инфраструктура за целосно функционален капацитет).
• Инсталација на соодветна опрема
• Обезбедување на хигиенски и санитарни услови
• Помошни простории
• Капацитети за внатрешно и надворешно сместување и за рекреативни цели

Обезбедување на пристап, уредување и офрадување.
Инвестицијата треба да биде во рурална средина и тоа спотед листата на Населени места определени како рурални области кои можат да користат средства од ИПАРД.

Документи кои се потребни при изградбата на објектот и набавка  на оваа опрема се:

1. Барање за користење на средства ( кое ќе ви помогне да го пополните консултантска куќа или сами)
2. Фотокопија од важечка лична карта или пасош на одговорно лице
3. Диплома или сертификат за завршен курс/обука за вршење на економската активност или изјава дека до крајот на инвестицијата ќе помине таква обука
4. Доказ дека правното лице не е во постапка на стечај
5. Доказ дека правното лице не е во постапка на ликвидација
6. Доказ дека врз барателот не е изречена прекршочна санкција за вршење професија, дејност или должност
7. Изјава за големина на субјект (консултантска куќа)
8. Потврда дека едно одговорно лице е во редовен работен однос во правното лице од АВРМ
9. Уверение за платени даноци и придонеси од УЈП
10. Потврда од локалната самоуправа – Општината Струга (Населени места определени како рурални области кои можат да користат средства од ИПАРД),  дека инвестицијата е во согласност со стратегијата за локален економски развој
11. Имотен лист за земјиштето каде ќе се гради објектот
12. Доколку е изнајмено потребен е и договор за закуп не пократок од  10 години од денот на аплицирањето т.е.најдобро е да се направи договорот на 15 години и тој договор да биде прибележан во имотниот лист
13. Решение за одобрен елаборат од министерство за животна средина ( или ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ОДОБРЕН ЕЛАБОРАТ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА ПРОЕКТОТ
14. Три понуди од различни добавувачи за секоја ставка придружени со техничка спецификација и изјава за земја на потекло
15. Копии од лиценци за градба за секој понудувач
16. Договор за општи трошоци
17. Фактура за платени општи трошоци
18. Понуда за општи трошоци
19. Одобрение за градба, реконструкција, адаптација на објект
20. Копии или електронска форма од основните технички цртежи и предмер пресметка од ревидирана техничка документација
21. Деловен план (консултантска куќа)

Важно: Со оглед на тоа дека се работи за инвестиција предложена од правно лице капацитетот не треба на биде поголем од 20 соби во кои можат да се сместат најмногу 50 лица (не вклучувајќи ги дополниелните кревети за деца). Надворешниот изглед мора да биде во согласност со стилот со традиционалната архитектура или да е во соглсност со пејсажниот амбиент на околината.

За повеќе информации и изготвување на апликации можете да ни пишете на info@agrotim.mk или да не контактирате на телефонските броеви: 071- 225 345, 071- 285 385 и 070- 267 789.

Извор: Agrotim

ОкоБоли главаВицФото