Летачот

16.11.2022 10:22

Беше голем љубител на гулаби. Одеше по разни места по разни краишта каде што ќе чуеше дека, има убави и ретки гулаби. Еднаш најде еден таков летач – акробат што беше исклучок, што сличен му немаше. Гледајќи го како полетува, какви превртувања прави во воздухот, здивот му запираше. Плати колку што му побараа и го зеде. Го донесе дома и на првото полетување направи свеченост: ги викна сите пријатели да го гледаат, да се воодушевуваат. Но кога го пушти да лета, тој остана како прикован за земјата, не полетуваше. Го земаше, го креваше и го фрлаше да полета, но тој како камен паѓаше на земјата. Го гледаше зачудено, го превртуваше да види да не е повреден, го жулкаше, го милуваше по главата и телото, го молеше да летне, но како што ќе го фрлеше, така тој се враќаше назад. Пушташе пред него други гулаби да го предизвикаат, да го повлечат, му свиркаше, го бодреше, но попусто. Ништо не помагаше.

Го гледаше него, ги гледаше луѓето што нестрпливо очекуваа и душата му се собираше, му се јадосуваше. А гулабот сè така стоеше како закован на земјата, гледајќи дека ова не е негов простор на кој свикнал. Не е неговото небо.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото