Чудо на Балканот: ЗЏМ биг бенд и Рамбо Амадеус

16.11.2022 12:27
 Чудо на Балканот: ЗЏМ биг бенд и Рамбо Амадеус

На 8 декември (четврток) во 20:30 часот во Македонска филхармонија ќе се одржи концерт на Рамбо Амадеус во придружба на ЗЏМ биг бенд оркестар.

На 8 декември (четврток) во 20:30 часот во Македонска филхармонија ќе се одржи концерт на Рамбо Амадеус во придружба на биг бендот на Здружението на џез музичари и слободни уметници на Македонија - ЗЏМ Скопје.

Како што наведуваат организаторите, станува збор за несекојдневен настан на нашата домашна сцена, на кој ќе ја проследиме генијалноста на едно од најголемите музички имиња на Балканот - Рамбо Амадеус, во придружба на ЗЏМ биг бенд оркестарот. Концертот ќе биде уникатна можност да се чујат легендарните песни на Рамбо Амадеус, во аранжмани за биг бенд.

Рамбо Амадеус е артист кој доаѓа од Црна Гора и делува како музичар и поет, гитарист, па и еко-активист. Неговите текстови и медиумски излагања се цитираат со години и децении откако се искажани. Неговите песни комбинираат уникатни сатирични текстови кои честопати
ги критикуваат општествените појави кои нѐ засегаат сите, а неговите концерти речиси никогаш не значат дека ќе чуете едноставни повторувања на снимените песни. Напротив, секое слушање е ново доживување и умешна импровизација која зборува за човековата природа.

Здружението на џез музичари и слободни уметници е здружение на граѓани основано со цел да ги обедини џез музичарите во Македонија, да ги заштити нивните права и да ја афирмира и популаризира македонската џез музика во земјата и надвор од неа. Во Здружението членуваат дел од македонските најреномирани џез музичари, а во неговите рамки делува и ЗЏМ биг бендот чија репутација се должи на бројните успешно реализирани настани изминативе години.

Билетите за настанот се достапни на продажните мрежи на МК тикетс и Купи карти за сѐ.

ОкоБоли главаВицФото