Магија и глупост

28.01.2011 14:39
magija-i-glupost_1.jpg

Од (контра)митингашите пред зградата на СДСМ по кој знае кој пат слушнавме дека Бранко владее 20 години. Неколку дена пред тоа Груевски, без каква било саморефлексија (што е веќе вообичаена состојба за него), рече дека Црвенковски бил на власт 13 години. Многумина луѓе зборуваат за ДПМНЕ како за кутра, лумпенпролетерска, опозициона партија. Значаен дел од „преродбениците“ сеуште магионичарски се обидуваат да ја амнестираат од одговорност партијата која изминативе пет години набилда ретко споредлива моќ (можеби споредлива со некогашната моќ на сојузот на комунистите на Македонија).

Затоа решив уште еднаш да ги пребројам дваесетте години македонска самостојност. Еве го есапот: три вмровски премиери владееле десет години (Кљусев - година и пол, Георгиевски - четири години, Груевски - досега четири и пол години); три сдсмоовски премиери владееле исто така десет години (Црвенковски - осум години, Костов - неполна половина година, Бучковски - година и пол). Ако Груевски издржи до крајот на мандатот ДПМНЕ ќе го надмине СДСМ во бројот на годините поминати на премиерското место (највлијателното место во нашиот политички систем).

Пресметав и кој од актуелните македонски политичари од осамостојувањето навака има најдолг стаж на високи политички позиции. Еве го есапот: Бранко Црвенковски - тринаесет години високи функции (премиер и претседател); Никола Груевски, ако го заврши мандатот - десет години (премиер и министер); Киро Глигоров - девет години (претседател); Стојан Андов - седум години (претседател на Собрание); Владо Поповски, најдолговечниот министер - единаесет години; Љубомир Фрчкоски - седум години (министер). Од помоќните политичари, кои оставиле трага во нашата понова политичка историја, треба да се истакнат и Љубчо Георгиевски (четири години премиер) и Борис Трајковски (четири години претседател на државата). Во списоков на десетте најдолговечни современи политичари, колку за заокружување и споредба, ќе ги додадам и најмладите: Антонио Милошоски (стар 35 години, следната година ќе наполни шест години на министерско место) и Радмила Шекеринска (повозрасна од Милошоски, но со помал стаж на извршни функции: четири години беше потпретседател на владата на СДСМ).

Што покажува малава анализа? Дека дури и најдолговечните политички актери на македонската сцена се далеку од моќта и стажот на Бранко Црвенковски и Никола Груевски; едниот тринаесет години бил на власт, а другиот следната година ќе полни јубилеј: десет години железно цврсто владеење. Нашите дваесет години самостојност, значи, се обележани со десетгодишното владеење на еден 40-годишник (сеуште политички незрел и неодговорен, но со веќе фрапантно голем стаж) и со тринаестгодишното владеење на еден 48-годишник (некогаш, со своите 29 години, најмладиот премиер во Европа).

Како тогаш е можно, после овие дваесет години повеќепартиски систем, некој да верува дека СДСМ не се симнал од власт?! Зарем Кљусев, Трајковски, Георгиевски, Груевски се „комуњари“?! Кај отидоа децениите владеење само на побројаниве?! Со кој ум контрамитингашите пред зградата на СДСМ и пропагандистите на преродбата сите тие децении владеење ги пометуваат под црвениот тепих на својот неприкосновен пастир?! „Се извинувам, не сум од тука, не знам што е работава, лук нит сум јал нит мирисал, јас сум, знаете, од преродбава, најнова.“

Понекогаш навистина ми изгледа дека со политичките страсти на луѓето во Македонија владее магијата. Во ставовите на многумина граѓани како да постои елемент на магиско мислење. Ако коњот се гребнал при влегување во шталата - виновна е портата. И тогаш, во магиското мислење, се лекува „изгребаната“ порта, или се тепа, во зависност од терапевтиката. Тоа е онаа логика дека ако излезам надвор со санки, ќе заврне снег, а ако не понесам санки, ќе светне пролет. Простете, но работите не се одвиваат така. Таквата логика води во страдање, во несогледување на елементарните правила според кои функционира светот. Едно се причините, друго се последиците.

Алистер Скоби во „Убиство со магија“ вели: „Човечките суштества во голема мера се спремни да веруваат во неверојатното. Во Англија, пред помалку од двесте години, како најдобар лек за грозница бил сметан чајот во кој било варено парченце дрво од греда од која била направена бесилка, а неротките заминувале на раскрсница за да допрат рака на обесен друмски разбојник. Во тоа време биле извршувани ритуали на јавно погубување, што предизвикувало големо задоволство кај народот. Кога бил обесен г. Берк, виш партнер во познатата компанија Burke&Hare, неговото тело било јавно исечено на парчиња, кожата одрана и продадена на присутната толпа по цена од еден шилинг за квадратен инч. Се разбира, така било во минатото, сега повеќе знаеме. Дали е така?“

Или можеби со нас не владее магијата туку глупоста?! И тоа онаа глупост која е дефект на човечноста, не на интелектот. Дитрих Бонхефер зборува за одредени историски периоди кога луѓето почнуваат да се однесуваат глупаво, оти тоа е начинот на кој се справуваат со општествените тешкотии. Земајќи ја маската на глупак, човек си дозволува да остане без внатрешна содржина, без автономија, и со него владеат фразите и паролите кои моќниците ги прогласуваат за единствени вистини. На тој начин човекот станува безволен инструмент, глупак кој извршува зло, без да знае да го препознае злото. На моќта, всушност, и’ требаат заведените и глупаците.

слики: Свирачиња

„Глобус“, 25.01.11.

А ние сеуште уживаме во

А ние сеуште уживаме во егзекуции ... палиме вештерки и врачови, лепиме етикети, ритуално повикуваме спас, се плашиме од снег, се клањаме на (бри)селски тотеми. Се е црно бело, СДСМ, ВМРО, ама веројатно не има и такви кои глеаме флешеви на црвено, онака револуционерно, за плашење на духови:)

Гелевски, владата на Кљусев

Гелевски, владата на Кљусев беше експертска, а не партиска...Таму го загубив интересот за понатамоно читање.

Z, идиоте, во текстот пишува

Z, идиоте, во текстот пишува „вмровски премиери“ (не влади). А Кљусев беше вмровец.
Второ, Z, идиоте, протестирам кај твојот шеф, Димовски (или кој ти е веќе претпоставен цо центарот за комуникации), зашто таа фраза е огавна и миљарда пати повторена во сите ваши одвратни изродбенички коментари: „Таму го загубив интересот за понатамоно читање“. Кога веќе ве плаќаат, кога веќе потрошивте милиони евра само за платени коментари и штабови (а нови десетици илиони евра за агенции, спотови, ПР и други перења мозок), огавно е, по трети пат повторувам, една иста шугава фраза да ја протурате насекаде.
Визби за стаорците, сонце за народот!

Не се нервирај.Лошо е за

Не се нервирај.Лошо е за здравјето.Не знам дали разбираш дека премиерот не е се во државата (кој и да е).Таму имаше политичари и од други партии, така да не можеш да бидеш ВМРОвски премиер на невмровска влада.
Еве ти едуцирај се:
mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BE%D0%B4_1991

Гелевски, глуп си, ти ништо

Гелевски, глуп си, ти ништо не разбираш. Нели гледаш дека едните исти штрајкуваа против изградбата на Илинденска, истите штрајкуваа и против спомениците на плоштад, истите по партиска директива штрајкуваа и во А1 тв, истите штрајкуваа и за Млекарите и за Душко млекарот, истите штрајкуваа и со тутунарите. Истите искочија на протестот пред собрание во декември 2010. Истите штрајкуваа со испечатени маици:„И јас сум Заев, нешто подоцна и со маици „И јас сум Душко млекарот“, па потоа овде на ОКНО има подршка:„ И јас сум новинар на А1, време, шпиц“ И конечно од вчера и петиција за потпишување со наслов:„ И јас сум А1 телевизија“.

Ај, јадници, ах глуперди, што

Ај, јадници, ах глуперди, што да праи човек со такви безнадежни егземплари на умствената празнина?! Наликувате на отфрлени курни отфикароци од големиот сунет на изродбата, несреќници! Курни отфикароци што ползат по прашината (ко фрлени куртони) сонувајќи дека се отсечени гуштерски опаши! Ах, гревчиња:)
Му се придружуем на поздравот на Адбастерот:
Визби за изродбеничките штакори, сонце за народот!

Ма, Гелевски све разбира,

Ма, Гелевски све разбира, само толку има муда да каже што све разбрал.

Оние Кои Не Стануваа На

Оние Кои Не Стануваа На Македонската Химна не дозволуваа да се спомне зборот ВМРО на официјално ниво (дека Експертот е член на партијата). Го заебаваа и Љубчо да биде Потпретседател на Претседателот на републиката. Кој ги влечеше конците?

И цело време им подметнуваа тројански коњи (ДА, Тито...) Дури и војна направија за да влезат во влада (широка коалиција), така да не се четири години на Љубчо.

На Трајковски атентат му направија. Се обидуваа да купуваат пратеници (кој знае колку пати успеале, но не собрале доволно да ги активираат).

Стојан Андов бил 100 години амбасадор и на други високи функции. За Кирца и да не збориме. Последен се врати во Македонија и скоро го беше заборавил македонскиот јазик.

Итн, итн. Памти народот, не се секирај.

Оби Ван, повеќе-помалку се

Оби Ван, повеќе-помалку се согласувам со твојот поглед на првата влада. Моето мислење е, сепак, дека таа влада во прв ред беше националистичка (што ваљда беше очекувано, такви беа и другите влади, не само во екс-ју), а во втор ред беше: удбашка. (тие две работи, национализам и удба, воопшто не се разнородни, напротив: удба беше резервоар и уточиште за националистите, се’ дур беа послушни, а нашиве беа послушни). Дури, ми се чини, дека удба е срцето на вмро, и оттаму многуте проблеми на таа партија. Океј, тоа можеби предизвикува и емпатија, можеби сожалување, кон ретките стварно посветени идеалисти во вмро, но, за жал, и таа парттија во голема мера е продукт на најцрното од комунизмот (тајните полиции итн.; инаку, комунизмот не беше лош за најголем дел од народот; така што, Оби Ван, ако народот нешто памти, памти дека социјализмот бил супер во однос на очајот што го донесоа СДСМ и ВМРО). И како, на крај, Оби Ван, да не се секирам?! Факт е дека СДСМ во голема мера ги прокоцкаа мандатите (особено, според мене, вториов). Но, кога го гледам лудиот (памти народот! дури и „лудиот“ Љубчо изглеа ко цвет на разумот и во однос на забеганиов пастир), кога го гледам Малиот-Големиот, Златниот-Црниот - како бе да не се секирам?!

МогуЧе, могуЧе (ВМРО & УДБА

МогуЧе, могуЧе (ВМРО & УДБА то су срца два). Само не верувам дека, освен на почетокот, УДБА (ДБК) ги влечеше сите конци. Зошто инаку ја парчеше толку со најразлични... ај да кажам луѓе, од Голубовски (некако ми е најкласичен пример) до многу кои се вратија. Некако не го видовме спротивното, ако братучедот бил толку опасен.

И стварно не знам зошто лудиот, досега ни во јавни настапи ни во владеење не покажал знаци на лудило*. Во најлош случај може да му се замери дека е технократче, нема преголема лична харизма, што е баш она што на Македонија и требаше и народот веројатно го препозна на избори. Од подоцнежните настапи се гледа дека е coached за јавни настапи. Од друга страна, всушност СДСМ се обидува да го оцрни и да му најде слабост (тоа е проблемот кај медиокритетите - нема ни харизма, но ни monsters in the closet), па, комплетно забегува и измислува глупости.

* Ако мислиш на Скопје 2014 дека е знак на лудило, има многу луѓе што го поддржуваат или барем се рамнодушни. Но, тоа е уште едно спинување на СДСМ и барање фокус околу кого ќе соберат (обединат) уште противници на власта. Да не забегувам сега во бранење на проектот (и Ајфелова Кула била жестоко критикувана кога се градела), само ќе кажам дека оние што бранат статус кво не се прогресивни.

Луда е, на пример,

Луда е, на пример, екстремната недемократичност на пастирот. Живееме во рекламна халуцинација што ја создаваат неговите ПР службеници, а не во држава кајшто има различни мислења, различни стратегии за развој кои низ паметна и остра јавна дебата треба да се избистрат (тоа е суштина на демократијата; уште Токвил, ми се чини, велеше дека во демократски поредок ќе најдеш повеќе ум кај бербери и крчмари отколку кај „мудреците“ во недемократскиот поредок; е, зашто Малиот-Големиот се опкружи исклучиво со малоумни вазали - ете и затоа го сметам за лудак кој опасно и’ наштети на Македонија, дури и во историска смисла). Лудо е и политиката да се сведе на личен ПР; лудо е огромни пари да се трошат за перманентна нарцисоидна политичка кампања (лудачкиот проект СК 014 - настрана дал некому се свиѓа или не, иако тоа мораше да се провери, ако ништо друго низ фер јавна расправа - исто така е дел од кампања, а не нешто стварно промислено и корисно за градот и државата). Види, Оби Ван, тука пак се согласувам со тебе, факт е дека пастирот воопшто не личи на лудак и дека неговите јавни настапи се просто брилијантни во демагогијата. Но, целокупната негова политичка енергија, негативната опседнатост со СДСМ и со ѓаволот Бранко, неговата неспособност да слушне туѓо, различно или дури и контра мислење без да го прогласи за непријателско - стварно збори дека човекот во политичка смисла е луд ко струја, непоимливо опасен по Македонија. Да имаше барем двајца поавтономни, поодговорни, поразумн, похрабри (да му се спротистават) луѓе околу него, можеби неговото лудило немаше да биде толку доминантно и опасно. Вака, со неговото, ко што велат, цицибанско опкружување, сите сме во виорот на неговото лудило и работиве не одат на арно.

„Рекламна халуцинација,

„Рекламна халуцинација, недемократичност“ - Ги пратам сите поголеми телевизии и весници и многу повеќе, или во најдобар случај исто, слушам критики за владата отколку обратно. Еве и ти си жив пример. Зар ти зафалило влакно од глава? Вербални пљуканици не се рачунаат, зашто ги има подеднакво од двете страни.

Јас би рекол дури спротивното, до пред неколку години (2006) ВМРО имаше многу малку „свои“ медиуми и диспропорцијата беше огромна. Е, сега, дали со рекламите ги „купува“ медиумите, тоа е работа што треба да се истражи (дали има махинации, но сега засега, формално-правно, се` изгледа чисто), но тоа е прљавата технологија на владеење и баш некој владетел би бил луд да не ја спроведува во тие услови.

И пак за СК 2014: Можеби е промашена инвестиција, можеби е перење пари (но во никој случај не може да се спореди со перење на целокупна македонска индустрија - спореди ја вредноста со МЗТ, Железара, Фени, Охис, текстилните фабрики, Центро, Славија, Кожара, Стаклара, Пивара, Фершпед... Колку можат да украдат од 10 згради и 10 споменици, и тоа додека се под огромна медиумска лупа?)

А од друга страна, потегот е баш паметен од гледна точка на технологија на владеење - го скратува просторот за евентуални демонстранти. :)

Секој си има мислење за тоа како треба да се уреди градот (еве, мене ми пречи што тоа практично ќе се поништи пешачката зона и ќе се загуши со коли), ама помина времето кога сите одлучуваа за се`. Ајт на избори и чиста работа.

И, отпосле ми текна, да

И, отпосле ми текна, да додадам на списокот градежни фирми (барем тие беа јаки), земјоделски комбинати, банки, технометали и компанија, хотели (како се викаше онаа фирмата што управуваше со хотелите со туристичко име)... ма се`, баш се` искрадоа во времето на СДСМ. Затоа викам, памти народот. Еве, нека биде и Грујо луд, ама овие другиве ми зедоа од мој џеб и нема шанси тоа да се врати. Имам роднини стечајци што се разболеа, некои и умреа од секирации.

Според твојата логика, Оби

Според твојата логика, Оби Ван, „народот“ сам си е крив и за приватизацијата, меѓу другото. Не ми се свиѓа таа логика, оти, од една страна, е цинична, а од друга е маченичка, жртвена (јадни ние, немоќни ние итн.). Во сите варијанти, според сите модели, приватизацијата (преносот на општествениот и државниот капитал во приватен) во цела источна Европа - беше неправедна. И последица од тоа во сите тие земји беше огромната невработеност и огромниот пад на производството и бруто општествениот производ. Малкумината што го собраа кајмакот од таа приватизација немаат никаква политичка боја и секогаш се со најјаките (денес сите тие тн. олигарси се со груевистите).
Така што, не е проблемот во земајава ВМРО-СДСМ туку елементарното градење демократија, т.е. фер систем со еднакви можности за сите. Ти паѓаш, Оби Ван, на финтата која ја дроби оваа земја: или оваа или онаа банда. Не можат бандите да бидат супстратот на нашето општество! Не може крволочната логика (најпримитивната, протокапиталистичка логика на првобитниот капитал), „Човек човеку волк“ да биде единствена логика во општеството. Не смее да се владее силеџиски и недемократски.
А луѓе, инаку, страдаат, Оби Ван, многу. Не е точно дека оваа власт ги оставила раат луѓето. (Не сакам да зборам за сопствениот случај, не сакам да приватизирам, можеби личната фрустрација да ја наметнувам како издржан политички суд, но и на своја кожа и на свој џеб итекако ја осетив преродбата.) Сум запознал луѓе кои се спремни да стават бомби врз себе - толку се чувствуваат повредни и згазени од преродбата. И тоа треба да ни биде мотив сепак да се бориме за послободна Македонија: да не се газат и понижуваат луѓето, од каква и да се политичка боја. А груевизмот само тоа го прави: гази.

Па тие што ги произведоа

Па тие што ги произведоа олигарсите (ај да не речеме дека биле директно инволвирани, ама тешко тоа) сега ми се нудат како спасители? Ма дај, ти се молам. Да ти пукне к*рот. Што знам, можда има некои помлади (на пр. Шеќеринска) што не биле директно инволвирани, ама шо да им правам, се фатиле со лошо друштво. :) А и како воопшто успеале да влезат таму?

Да не почнуваме за лустрацијата и слично, и тоа е само формално правно замачкување очи (соработниците - кодошите ќе наебат, а каде се главешините што ги произведуваа? Ене ти ги у парламент, ги гледаме секој ден истите фаци веќе 20 години). Но ни тоа, колку-толку површинско прочистување не го направивме.

Ја у '99 гласав за ВМРО не за идеали или слично, туку за да ги обесат олигарсите на плоштад. Во муабети, МНОГУ луѓе го тврдат истото. Тоа им го замерам и ден денес што не го направија, ни тогаш ни подоцна.

А за бандите - додека нема некоја трета алтернатива, со рушењето на едната банда практично by all means само ја устоличуваме другата. Па доста више, ќе им исполнуваме желби на СДСМ да заседнат пак у фотељи? Си има термини за избори, нека не не` дават секој ден со хистерија. Ја баш во нивниот говор ја препознавам крволочноста (или можеби е очај кога веќе сфатија дека немаат шанси толку скоро да се врата на власт?), а воопшто не зборувам за кловнот Заев.

У ствари, не чекај избори, еве од твоја идеалистичка позиција направи партија и нека таа се изроди во viable трета опција (иако претходните што зборуваа дека се тоа веќе ми го згадија зборот - Павле Трајанов, Тупурко, Стојан Андов...)

И, на крај, зошто мислам дека сега е подобро (се оди напред), што не мора да е заслуга строго на оваа влада. Се формираа разни агенции и регулаторни тела кои се` уште ги држат цврсто за јајца, но ако дојде нож до коска, сигурно ќе се одметнат. Како и милион други позиции во администрацијата. Сега-засега се само на хартија независни, но ако има доволно критична маса, сигурно ќе се одметнат и владата не ќе може тоа лесно да го уќутка. А тоа што се бунат различни секој ден, тоа го имало и ќе го има. Тутунари лани виделе субвенции, па засадиле 40% повеќе тутун и сакаат исти цени... Професори се бунат против воведување нивно тестирање... А1 се буни против плаќање данок (уште ги памтиме Унипроком Вемакс и другите)... Нема шанси да се деси Тунис или Египет, засега.

Е вака, нормална расправа да

Е вака, нормална расправа да чуеме не само плукања. Сега, Грујо и баграта околу него едноставно ги доведоа до совршенство популистичките методи на Седесето, односно ги надградија и проширија, како што го надградија и проширија организираниот криминал и особено партизирањето на администрацијата кое веќе добива патолошки размери, незамисливи дури ни за социјализмот. Грујо, т.е. братучедите и Протуѓер едноставно ја сфатија моќта на маркетингот во политиката и затоа еден нехаризматичен технократ со скромни интелектуални способности како Грујо, може да облече секакво руво и да парадира со него - брилијантен економист, патриот, работник, човек од народот итн. Го победи СДС на негов терен и затоа СДС е неубедлив, иако сега сме можеби поблиску до бездната отколку во времето на Бучко, да речеме. Еве, баш денес Бранко ни објави дека се повлекувал од Собранието и му го оставал на Грујо какво што го сакал, без опозиција. Убаво, ама можеше тоа барем да го објави некој друг, сите памтат како 94-98 немаше опозиција откако СДС на чие чело беше Бранко.
Moжно решение кое тешко ќе се оствари: Избори ден поскоро, на денот кога ќе бидат објавени оставка на Бранко со некој изговор дека, ете, ја постигнал целта и сега на младите светот останува, бла, бла, бла. По изборите ДПМНЕ со Грујо на чело тешко ќе може да формира Влада, оставка на Груевски, преструктурирање и во ДПМНЕ, па макар и по цена на уште едни избори скоро по првите.

Вселенец, еве и тебе да ти

Вселенец, еве и тебе да ти одговорам:

За партиска администрација... Зошто би си ја сечеле гранката на која седат? СДСМ не го направи тоа 20 години (да не рачунаме 45 кога пак беа истите нивни луѓе), и сега ВМРО да го прави? Па ќе изгуби на избори (од незадоволни и од едната и од другата страна).

Зборувам чисто од практична точка, батали флоскули на Европејски бирократчики и апаратчики (што се апсолутно и дефинитивно токму такви исти ѓубриња).

Да, тоа треба да се направи, но тогаш ќе живее(в)ме во идеален свет со идеални луѓе. Не знам, треба да се случи некоја катастрофа, не дај боже, па да останеме неколку месеци/години без власт, за да почнеме од нула. Тешко.

А партизираноста денес доби

А партизираноста денес доби посериозни размери, попродлабочена е од било кога. Сега, буквално за секое работно место кое е финансирано, на овој или оној начин од државата, треба директен амин од партијата. Порано тоа се однесуваше само на строго административните места, не толку на наставници, хигиеничари, медицински персонал и слично. Како што реков ја надградија и проширија тектиката на СДС, затоа не само што не се движиме кон идеален свет (држава), туку се повеќе тонеме, затоа што ДПМНЕ денес= СДС од 90ите.

Па побогу, што да прават

Па побогу, што да прават кутрите вмровчиња :)

- Да не отпуштаат административци
- Да не вработуваат административци
- Да не мењаат директори
- Да не носат закони
- Да не собираат даноци
- Да не спроведуваат истражни мерки
- Да не апсат осомничени
- Да не лустрираат
- Да не чепкаат ништо во факултетите
- Да не отвараат нови факултети
- Да не дигаат јарболи со знамиња
- Да не градат крстови
- Да не градат споменици
- Да не градат филхармонии, театри, музеи
- Да не градат спортски сали
- Да не градат катни гаражи
- Да не реновираат стадиони
- Да не приватизираат градежно земјиште
- Да не рушат дивоградби
- Да не легализираат дивоградби
- Да не прекрстуваат аеродроми
- Да не ја тужат Грција за името
- Да не собираат признавања под уставно име

= се` да остане исто како под СДСМ. Па кој к*р тогаш гласавме на избори?

Како не ти е срам, бе, Оби

Како не ти е срам, бе, Оби Ван, да тераш ваква мизерна партиска пропаганда за најмизерната европска влада последниве 20 години?!
Утре ќе дојде која било друга влада и ќе ги уапси највидливите портокаловци и ќе направи во Паљурци етно парк на античкиот македонизом (кајшто ќе се пресели подвижниот дел од СК 014) и ќе го национализира имотот на вмровските олигарси и ќе го прогласи Велија за директор на МРТВ и ќе ги уапси Ѕинго, Латас, Стојменови, Јанакиевски, Ставрески итн. - и ти ќе кажеш, тогаш, Оби Ван, дека се’ е океј, јебига па за тоа гласавме?! Гласавме да се уништуваме едни со други?! Да се делиме и ждереме меѓу себе?!
Само тоа ни го донесе изродбата на лудиот Грујо! Меѓусебната омрза и поделбите! Ништо друго! Сето друго е лага, халуцинација и спин! Реалноста на лудиот е дека за да ужива преродбеникот мора да се затепа сдсмашот! А кога ќе зафалат бранкоидите и соросоидите, тогаш ќе преминеме на втора фаза! Абе, Оби Ван, смешен си и тажен си... Тоа малку сила што ја имаш насочи ја внатре, кон партијата, спасувајте што може да се спаси, и од партијата и од државата, оти од ден на ден толку забегувате што расплетите, верувај, воопшто нема да бидат весели, за никого.

Катастрофална замена на тези.

Катастрофална замена на тези. За да не се делиме, да му попуштиме на СДСМ? Свињите се порамнопрани од другите животни? (не е навреда, Животинска Фарма).

И срам да ти е на речникот, ничим изазван.

Коља, јас си кажав што имам,

Коља, јас си кажав што имам, па другите нека проценат кој тера пљукачка кампања, а кој зборува со аргументи.

И Вселенец, сега ми текна, шо има толку лошо во јавните кампањи? Еве некои од нашите идоли, многу стари: Got Milk? или This is your brain on drugs (покажуваат пржено јајце). Секаде има небулози и занеси. Не е крај на светот.

Така, така, ќе се тешиме дека

Така, така, ќе се тешиме дека не сме саде ние и не сме саде тука. Само, секаде се гледа да се надминат небулозите и занесите, а овде да се надградат и прошират. Башка, јавните кампања не се ништо друго туку политички пазар со медиумите. Го корумпираат јавниот простор на највулгарен и најмизерен начин. Значи, преплатени, кретенски, корумпирачки, зошто човек не би бил против? Или треба ништо да не разбира, или да има директна корист од тоа.

На Оби Ван му заврши смената

На Оби Ван му заврши смената во аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ под Антарктикот. Сите прашања отсега можете да ми ги упатувате мене.

Остваруваме.

Штакорите во подрум - сонце

Штакорите во подрум - сонце за народот!

Под ропство пишти

Под ропство пишти Македонија!
Но, се ближи часот на Македонија слободна!

mi se e.. mi se place

mi se e.. mi se place

Уф, ама се спиело во Морето

Уф, ама се спиело во Морето на тишината... Млад Luke, може да одиш да се одмориш.

Остваруваме.

@Фан на Владо Малески: мислиш

@Фан на Владо Малески: мислиш твојата Северомакедонија слободна. Нашата Македонија си е слободна.

@ Оби Ван & Младиот Luke: Абе тесно било овде на сателитот Тодор Александров.

Остваруваме.

Немојте така бе, ќе му се

Немојте така бе, ќе му се влоши паранојата на човекот. После кој ќе пишува прилози и коментари на Окно?

Остваруваме

@Хан Соло: Ништо не е тоа,

@Хан Соло: Ништо не е тоа, тек да видиш на носачот на авиони Христо Татарчев во Охридското Езеро...

Остваруваме

Барем не ве јадат змии ко во

Барем не ве јадат змии ко во подморницата Дамјан Груев во Преспа...

Остваруваме

Слични содржини

Никола Гелевски
Никола Гелевски
Став
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото