1026 hPa
43 %

9 °C
Скопје - Пон, 10.02.2025 17:16
Шарен петел пред врата. На шести спрат. Пладне, а пее. Му отворам и се чудам. Морам да проверам дали е стварен. Го пипкам. Едно перце е вистинско, едно не. Овој не е од јајце изведен. Оној ни од хартија не е. Од рака овој не полетал. Од зол збор не кукурикнал. Влегувал в куќи, куш-шуш закушувал, рик-рик ќе се нарикал и ќе скубнел, пред зори. Тајната ми ја кажа додека ме гледаше в очи пред да го пуштам внатре. Не скрши ни перо, ни врат, ниту розовиот, троглав јазик на темето што му се нишаше, не остави трага ни од боите ни од гласот, па сепак уште долго, откако замина, кога ќе си ги доближев прстите до лицето, му ја сеќавав аромата. Чувствувам, се сеќавам. Кукурикајќи, петелот се уверуваше дека постои. Само за нас.