Како се произведуваат соларните панели?

21.11.2022 10:22
Како се произведуваат соларните панели?

Соларните панели се еден од најкористените извори на обновлива енергија во светот денес. Тие може да ја претворат светлината од сонцето во електрична енергија, па затоа се многу корисни и популарни. Дали некогаш сте се запрашале како се произведуваат тие?

Процесот вклучува подготовка на материјалите, редење на сончевите ќелии и склопување на панелот. Голем дел од овие работи се прават со машини и роботи, но за местењето на некои делови се потребни искусни инженери.

Видеото во достапно со клик тука го покажува целиот процес на производство на еден соларен панел.

Инвестиција од 6.000 евра во соларни панели може да се исплати за период од пет до 8 години

Енергетската криза, која донесе поскапување на гасот, нафтата и струјата, но и стравот од можен недостиг на енергија во текот на претстојната зима, принуди многумина да почнат да размислуваат за алтернативни извори на енергија.

Во преден план се обновливите извори, по можност поевтини и на тој начин само дополнително се стимулира и онака растечкиот интерес за соларните панели како извори на електрична енергија, но и за колекторските системи за греење вода.

Од почетокот на летото интересот расте, а за тоа секако придонесе енергетската криза.

Луѓето се повеќе заинтересирани за обновливите извори на енергија и бараат начин да ги намалат сметките за струја.


За семејство со просечен приход, секоја инвестиција во денешно време претставува значителен трошок, а инсталацијата на соларни панели и системи за греење на вода чини пари. Сепак, придобивките се значителни и трајни.

Комплетната инсталација на соларни колектори за загревање на водата чини околу 1.700 евра за систем од 200 литри.

Но за едно просечно семејство, инсталацијата на соларни панели чини околу 6.000 евра.

Со ваквата инвестиција едно семејство би добила енергија за работа на основните уреди, оние што ги користиме постојано.

Иако повратот на таквата инвестиција тешко е прецизно да се предвиди, бидејќи потрошувачката на електрична енергија е различна во секое домаќинство, но некои податоци покажуваат дека потребни се пет до осум години за соларни панели, додека системите за греење на водата се плаќаат во просек од две до четири години.


Поедноставни процедури за поставување фотоволтаици во домовите и фирмите

На предлог на надлежното министерство, Владата усвои законски измени за поедноставни процедури за поставување фотоволтаици во домовите и фирмите.

Се укинуваат барањата до општината за да поставите фотоволтаик и сами да си произведувате струја.

Наместо барање доволно ќе биде само да ја известите општината дека се поставува фотоволтаик со копија од лична карта, имотен лист за објектот или договор за закуп, како основен проект и документите од лиценцираната компанија која ќе го поставува.

Отстранувањето на досегашните административни пречки ќе им помогне на граѓаните и фирмите побрзо да доаѓаат до посакуваните фотоволтаици, особено значајно во време на енергетска криза.

Со измените и дополнувањата на Законот за градење, се овозможува на објектите во индивидуална сопственост да бидат поставени фотонапонски електрани со моќност од 6 киловати, а на стопанските објекти со моќ до 40 киловати.

РКЕ: Издадени се над 200 лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори

Од јануари до ноември 2022 година Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) има издадено лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори за околу 200 електроцентрали.

Најголем интерес има за производство на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали, односно до сега во оваа година се издадени лиценци за 86,8 MW инсталиран капацитет од фотонапонски електроцентрали, додека 6,4 MW се за мали хидроцентрали и 2,5 MW за тероелектроцентрали на биогас, или вкупно се издадени лиценци со предвидено просечно годишно производство на електрична енергија од обновливи извори на електрична енергија на ниво од 95,7 MWh. Овие електроцентрали се приклучени на електродистрибутивната мрежа.

„ Оваа количина на електрична енергија од над 95 МWh од обновливи извори на енергија гледано во апсолутен износ е и повисока од производството на ХЕЦ Козјак и со истата може да се задоволат потребите за 27.100 домаќинства. Ваквите приватни иницијативи во време на енергетска криза се покажаа како решение за многу стопанственици кои со инсталирање на фотонапонски електроцентрали ги намалија значително трошоците за електрична енергија и произведената електрична енергија ја користат за задоволување на сопствени потреби. Во сончеви периоди и денови овие потрошувачи коишто имаат инсталирано фотонапонски електроцентрали во најголем дел ги задоволуваат сопствените потреби и поради тоа немаат потреба да набавуваат електрична енергија од снабдувачите со електрична енергија и истата да ја плаќаат.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Извор: Centar.mk

ОкоБоли главаВицФото