Ганим Ал Муфтах е амбасадор на Светското првенство во фудбал

21.11.2022 10:55
Ганим Ал Муфтах е амбасадор на Светското првенство во Фудбал

Ал Муфтах се појави на сцената заедно со Морган Фримен на отворањето на Светското првенство во Катар, испраќајќи порака за надеж, инклузивност, мир и единство на човештвото.

20-годишниот Ганим Ал Муфтах е амбасадор на Светското првенство во Фудбал. Поради својата тешка животна приказна, Ганим стана инспирација и пример за младите во тој дел од светот. Милиони луѓе го следат на социјалните мрежи.

Ганим страда од синдром на каудална регресија, ретко нарушување што го попречува развојот на долниот дел од 'рбетот. Иако лекарите му предвидувале дека нема да живее повеќе од 15 години, Ганим успеал и денес за многумина е симбол на надеж. Тој е познат и како најмладиот катарски претприемач (има основано компанија за производство на сладолед).

Се занимава со различни спортови и сон му е да ја претставува својата земја на Олимпијадата. На училиште, како што пишуваат светските медиуми, тој играл фудбал со фудбалски шипки на рацете, а го има искачено и Џебел Шамс, највисокиот планински врв во целиот Заливски регион.

Ганим студира политички науки со цел да стане дипломат, а потоа и премиер на својата земја.

„Во рамките на мојот капацитет како амбасадор на Светското првенство, сакам да испратам порака за надеж, инклузивност, мир и единство на човештвото“, рече тој во својата официјална изјава откако беше избран за овогодишен амбасадор на Светското првенство.

Слични содржини

Фотографија / Свет / Живот / Око

ОкоБоли главаВицФото