Тврдоглави: конкурс за краток расказ

23.11.2022 16:59
Тврдоглави: конкурс за краток расказ

Конкурсот Тврдоглави е во чест на еден од доајените на современата македонска книжевност, Славко Јаневски (1920-2000). Има за цел да ги поттикне и промовира младите писатели на македонската книжевна сцена.

Организатори на книжевниот конкурс се Блу ИТЦС, Ротари клуб Скопје Камен мост, Принт Фактори, Исо Консалтинг, Данаи Фарм и Гастро Сервис Плус.

ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО

● На анонимниот конкурс можат да испратат по еден свој расказ автори на возраст од 16 до 25 години;
● Расказот треба да биде напишан на македонски јазик, да биде необјавен, а текстот не треба да надминува 10.000 карактери;
● Документот со расказот треба да биде потпишан со шифра;
● Да се испрати најдоцна до 31 декември 2022 година, на e-mail адресата konkurstvrdoglavi@gmail.com;

НАГРАДНИОТ ФОНД НА КОНКУРСОТ ИЗНЕСУВА:

60.000

денари

ПРВА НАГРАДА

20.000

денари

ВТОРА НАГРАДА

10.000

денари

ТРЕТА НАГРАДА

Пристигнатите раскази ќе ги оценува тричлена комисија составена од реномирани професори, критичари и писатели.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 25 јануари 2023 година. Трите првонаградени раскази ќе бидат објавени во посебна публикација, а наградите на добитниците ќе им се доделат на 31 јануари 2023 година.

Извор: https://tvrdoglavi.mk/

Слични содржини

Книжевност / Филм
Книжевност / Технологија / Живот

ОкоБоли главаВицФото