Митски суштества од Мексико

28.11.22 09:58

 "Чувари" е наслов на колекцијата скулптури на уметниците Марија дел Кармен Мендоза Мендез и Јакобо Анџелес Оједа, преку која тие им оддаваат почит на митските суштества од Оаксака, местото каде го поминале нивното детство. Скулптурите се направени од мекото дрво копал (дрво кое произведува смола - темјан) и преку нив се претставени фантастични суштества кои се поврзуваат со мезо-американската духовност и мексиканската народна уметност, вклучувајќи ги и скулптурите познати како alebrijes (живописно обоени мексикански народни скулптури на фантастични суштества).

Ова е првата изложба во новоотворената галерија Мано во населбата Пилсен во Чикаго. Галеријата е посветена на уметноста и дизајнот од Мексико и претставува отворен простор за делата на уметниците заинтересирани за зачувување на митологијата и наследството на земјата.

Извор: Colossal

Слични содржини

Култура / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото