Пердасдефогу - селото во кое живеат најмногу стогодишници во светот

28.11.2022 11:37
Пердасдефогу - селото во кое живеат најмногу стогодишници во светот

Пердасдефогу изгледа како секое друго село на Сардинија. Има црква од предроманскиот период, централен плоштад и шармантни мали продавници.  Ништо особено впечатливо, може да се каже, сè додека не сфатите дека таму живеат повеќе стогодишници по глава на жител отколку на кое било друго место во светот. Сега во селото има девет стогодишници од 1.780 жители, што е признато како рекорд во Гинисовата книга.

Најмладата стогодишничка во Пердасдефогу е Анунзијата Стори, која го прославила својот трицифрен роденден во август. Таа за себе вели дека е „здрава како риба,“ активна е и весела, не зема никакви лекови.

Пјетро Мереу, режисер на документарниот филм „Клубот на стогодишници“, вели дека луѓето на истокот на Сардинија имале тежок живот, но со многу помалку стрес од денес. Тие го следат ритамот на природата наместо постојано да се грижат за мобилните телефони или електронската пошта.

Антонио Брунду потврдува дека земјоделството отсекогаш било главната работа овде. „Луѓето отсекогаш работеле на свеж воздух“, вели Бурду, кој со 104 години е најстариот во селото. Неговата кожа е сè уште затегната и малку исончана, а само предните заби кои му недостасуваат укажуваат на неговата возраст.

Салваторе Мура, историчар и општински советник, вели дека неколку фактори можат да ја објаснат долговечноста на мештаните. Едната е генетиката. Покрај тоа, тие јадат храна која се одгледува „на растојание од нула метри“, односно во нивните градини. Друштвото и опкружувањето се исто така важни. „До последниот ден тие се опкружени со членови на семејството. И тоа ги прави физички и психички здрави“.

Келнерот Масимо, кој ги послужува гостите на централниот плоштад, Пјаца Европа, тврди дека за неговиот долг живот е заслужен „едноставно сардинскиот начин на живот“. „Овде не пијат лекови, се хранат здраво и живеат мирно“. Дури и еден од плоштадите се вика Пјаца Лонгевита, Плоштад долговечност.

Научниците исто така ќе се обидат да извлечат свои заклучоци за долговечноста на Сардинија. Универзитетот во Сасари планира да секвенционира 13.000 примероци на ДНК од провинцијата Олигастро, објави неодамна Анса.

Консолата Мелис (седи, четвртa од десно) со нејзините девет деца, 24 внуци и 25 правнуци во 2012 година, ден пред нејзиниот 105-ти роденден.

Извор: The Guardian

Слични содржини

Книжевност / Живот
Прашалник за ... / Книжевност / Живот

ОкоБоли главаВицФото