Една вечер

28.11.2022 18:55

Една вечер кога тој пак доцна се прибра дома, жената не ја запали ноќната ламба. Не го праша каде се задржа. Ништо не му рече. Само се сврти кон ѕидот и подобро се завитка со јорганот. Тој застана кај вратата. Почека малу. Жената како да не го сети неговото доаѓање, мирно си лежеше во креветот. Тој почна да се соблекува. Жената сè така си лежи смолчена... Тој неколкупати погледна кон креветот. За секое нејзино прашање имаше готов одговор. Но таа ништо – сè така си лежи. Рамномерно дише. А тој знае: не спие таа, само се преправа. Откако се соблече, сакаше да ја праша каде му е пижамата, божем не може да ја најде. Но само го турна столот. Пак ништо. Жената збор не прозбори. Тој почека уште малку. Потоа пристапи и нервно ја запали големата светилка. И кога пак таа не даде глас од себеси, тој си помисли „сеедно ѝ е, не се интересира повеќе за мене...“

Осети празнина во душата. Не знаеше што да прави. Полека се отпушти на работ од креветот.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото