Доделување на стрип награда Лифт

30.11.2022 13:59
Доделување на стрип награда Лифт

Вечерва со почеток од 20 часот, во галерија Метаноја, ќе се одржи доделувањето на петтата по ред стрип наградата Лифт, која ја доделува издавачката куќа Темплум.

На петтиот конкурс за стрип наградата Лифт стигнаа 16 стрипови од 18 автор(к)и. Тројцата најдобро оценети автор(к)и ќе бидат наградени со книги и стрипови од книгоиздателствата Темплум и Бункер во вредност од 500 евра (250 евра за првата/првиот, 150 евра за втората/вториот и 100 евра за третата/третиот).

Жирито на наградата Лифт го сочинуваат Никола Гелевски, Јана Јакимовска и Владимир Трајановски.

Покрај самото доделување на наградите ќе може да се погледне и изложбата на најдобрите стрип табли, како и да се проследи промоцијата на зборникот Стрип награда Лифт #5.

Доделувањето на наградите ќе се одржи во рамки на Малиот новогодишен саем на книги на Темплум кој ќе се одржува од 30 ноември до 6 декември во галеријата Метаноја. 

Пред самото објавување на победниците, имињата на сите автор(к)и кои учествуваа на конкурсот, и по една страница од нивните стрипови, може да ги најдете на следниот линк.