1011 hPa
67 %

13 °C
Скопје - Саб, 15.03.2025 04:59
Сакав да ти го покажам родниот крај: сиромашни села во кои се рони црвеница од фасадите. Нашиот стисок беше топол како во пролет додека зујат пчелите, а снежните траги се завеваа по ридовите со смрека и шилест камен...
Сега е минато тој лековит ден, таа зима, и ние неутешно сме сами. Да не се заборавиме, во писмата ми праќаш малечки сонца. Место одговор, чекаш во собата да влезам.
Јас уште не се враќам, а толку силно сакам, па дете-лик ме препознаваш во пареата на чајот.