"Жени - улични уметници"

02.12.22 12:00

За уличните уметници, урбаниот пејзаж е бесконечно платно. Тие со своите живописни композиции ги ревитализираат јавните простори, давајќи свое видување на политичката клима и актуелните работи. Можеби во жанрот историски доминираа мажи, но новата книга на новинарката Алесандра Матанза и основачката на Музејот за урбана и современа уметност, Стефани Уц, укажува на нешто друго.

"Жени - улични уметници" ги истакнува различните практики на 24 уметници кои работат графити и мурали, кои доаѓаат од целиот свет и работат во различни стилови. Книгата опфаќа различни видови на дела, од големи јавни проекти како живописната композиција на тротоарите на Камила Фалсини во Милано до впечатливи интервенции на јавните простори. како розовата, хеклана прекривка на познатата бронзена скулптура на бик на Волстрит. Секоја од нив наоѓа ѕидови, тротоари, разрушени објекти, затворски ќелии, силоси за жито и други нетрадиционални површини за да ги изрази идеите околу феминизмот, претставите на телото, расизмот, климатската криза и други критични прашања.

Медијанерас, „Кристалниот брод“ (2021) во Остенде, Белгија.

Мурал на Рут Бадер-Гинсберг и симболи на американската демократија.
Ел, „Рут Бадер Гинсбург“ (2020) во Њујорк

Слика одозгора на шарено геометриско јавно уметничко дело на улица во Милано.
Камила Фалсини, „Тактичка урбанистичка интервенција“ (2020) во Милано, Италија.

Детал од графитот на кој се претставени две жени кои носат хиџаб со логото на Супермен на торзото.
#LEDIESIS, „Супержени“ (2019) во Италија

Розова хеклана прекривка сошиена над скулптурата на бик на Волстрит.
Олек, „Бикот од Волстрит“ (2010), Волстрит, Њујорк

Кристина Анџелина во соработка со Ease One (2015) во Мајами, Флорида

Корица на книгата „Жени улични уметници“.

Извор: Colossal

Слични содржини

Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Јавни простори / Уметност / Око
Јавни простори / Свет / Уметност / Око
Јавни простори / Уметност / Око
Јавни простори / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото