1015 hPa
57 %
24 °C
Скопје - Саб, 06.06.2026 21:59
Во една куќа, случајно соѕидана во планините, чекав и сонував. Најпосле, како светлина таа влезе во собата и со својот немир ја разбуди пролетта: дувна топол ветер и пропеаја славеи и ластовици; дури и мебелот прецветуваше и заврзуваше плод. Се отворија железните врати од кафезите: од памтивек затворени и со искри на забите истрчаа моите гладни ѕверови.
Само за миг онемев, не можам ништо да раскажам...
(Од телото знак ѝ нема, а на постелата и во воздухот – крпчиња останаа од фустанот свилен!)