Генерацијата Z непожелна работна сила на пазарот во Германија

02.12.2022 13:17
Генерацијата Z непожелна работна сила на пазарот во Германија

Актуелните студии покажуваат дека таканаречената генерација Z (зед), која излегува на пазарот на трудот и ги опфаќа младите родени меѓу 1995 и 2000 година, има сосема поинакви, големи очекувања од нивната работа. 

Имено, Агенциите за вработување во Хамбург повеќе не вработуваат практиканти од оваа генерација, пишуваат германските медиуми. „Овие млади луѓе имаат ограничена способност за концентрација, ограничена издржливост и способност да воспоставуваат контакти.“ изјавува германски експерт.

Експертот причината за слабоста на генерацијата родена на крајот на милениумот ја гледа во прекумерната заштита на родителите. „Родителите ги претвораат децата во слаби луѓе“, предупредува тој.

Агенциите во Хамбург мораат да се справат и со работодавците кои повеќе не сакаат да работат со генерацијата Z. Искуството покажало дека некои млади луѓе носат список со желби на интервју за работа. На пример, еден од условите кои ги добиле бил да се слободни во вторник и четврток бидејќи планираат да одат на јога од 17 часот.

„Ориентацијата кон слободното време кај младите се зголеми во последните години“, вели работодавач од Хамбург. Тој ги опишува работните навики на генерацијата З: „Ќе дојдам на работа, но ако е премногу стресно, попрво би заминал. "

Социолозите сметаат дека родителите се виновни за недоволната посветеност на младите работници. Научниците одат дотаму што ја квалификуваат генерацијата Z како „генерација неспособна за живот". „Децата кои никогаш не наидуваат на пречки, не учат да работат самостојно, да издржат конфликти и тензии. Но, сите овие работи се всушност дел од здравиот развој“, вели истражувачот.

Тековните студии покажуваат: Генерацијата Z е поверојатно да биде невработена отколку несреќна на работа.  Дури 56 отсто од младите во анкета изјавиле дека ќе престанат да работат доколку работата им се одрази на приватниот живот. Исто така, младите вработени бараат јасна поделба на работата и слободното време. Речиси половина од испитаниците не би прифатиле работа во компанија што не одговара на нивните социјални и еколошки погледи - а за 53 проценти од пост-милениумците, факторот „слободно време“ е во центарот на нивните барања за работа.

И доколку "бејби-бумерите" живееја за работата, новата генерација сака да работи само онолку колку што и е доволно за да живее добро, пренесува Fenix ​​​​Magazine.  Останува под знак прашалник до кога шефовите на компаниите ќе имаат негативен однос кон желбите на новите вработени, но станува јасно дека во иднина нема да има нови „бејби бумери“ кои живеат за работата. 

Слични содржини

Фотографија / Свет / Живот / Око

ОкоБоли главаВицФото