Богатството од „жолтите коверти“ на Живко Јаневски на изложба во КИЦ

02.12.2022 16:43
Богатството од „жолтите коверти“ на Живко Јаневски на изложба во КИЦ

 Фото: Б. Грданоски

Ова е изложба која место зборови раскажува со фотографии. Кои немаат цена, и се мерат со злато. Сто и десет дигитално испечатени фотографии од фоторепортерот и дојаен на македонската фотографија Живко Јаневски (1940-2000) содржи изложбата „Точки на интерес“ која синоќа се отвори во Културно информативниот центар во Скопје, во присуство на бројни гости, семејството, пријателите, колегите и почитувачите на неговата врвна фотографија.

Новинарите Димитар Ќуркчиев и Сашо Новески со фоторепортерот Андреј Гиновски/ Фото: Б. Грданоски

Колегите – новинарите и фоторепортерите се уште раскажуваат дека човек и фотограф како Живко нема, а такви му се и фотографиите – врвни и ненадминати, како врвни новинарски текстови.

Фото: Б. Грданоски

Приказната околу изложбата е мистериозна како и филмовите на Агата Кристи. Кустосот Станко Неделковски случајно пронашол жолти коверти со фотографски материјали (филмски негативи) и сфатил дека целокупниот материјал е од Јаневски работен за потребите на „НИП Нова Македонија“.

Фото: Б. Грданоски

-Истражувањето насловено „Меморијата на Живко Јаневски“ се насочи во правец на пронаоѓање на фотографиите во дневниот весник „Нова Македонија“ и другите изданија на издавачкото претпријатие за нивно датирање и потребата за нивното објавување. Направен е детален увид на материјали кои се наоѓаа во пронајдените „жолти коверти“.

Истражувањето во големиот материјал (285 црно бели филмови, 9500 негативи) упатува на сознание дека станува збор за еден релевантен документарен и авторски исказ, вели Неделковски.

Гордата ќерка Маја која ја продолжува традицијата на нејзиниот татко како фоторепортер/ Фото: Б. Грданоски

Во овие фотографски записи, материјали достапни за оваа изложба, снимени во почеток на 1990-те години на минатиот век односно од средината на 1989 до 1994 година, документиран е периодот на осамостојување на нашата држава како и времето на големите опшествени промени.

Фото: Б. Грданоски

„На филмските негативи запишани се првите денови на плурализмот, новото Собрание, заминувањето на ЈНА од Македонија, протестите за враќање на македонските војници од ЈНА, бројни посети на значајни политички преставници од повеќе земји и организации и бројни други случувања околу Собранието како и бројни културни и спортски настани. Проценка е дека тоа се извонредни материјали, снимени од еден наш врвен фото журналист, кои сега и јавно се презентираат во форма на изложба“, додава кустосот.

Фото: Б. Грданоски

Извор: nezavisen.mk

Слични содржини

Фотографија / Екологија / Око
Фотографија / Уметност / Око
Мода / Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Свет / Живот / Око
Фотографија / Музика / Око

ОкоБоли главаВицФото