„Радост за цел свет“ - изложба на дваесеттина македонски уметници во Галерија Метаноја

07.12.2022 12:52
„Радост за цел свет“ - изложба на дваесеттина македонски уметници во Галерија Метаноја

Во четврток, 8 декември, со почеток од 12 часот во Галеријата Метаноја во Скопје (ул. Максим Горки бр. 19) ќе биде отворена изложбата со наслов „Радост за цел свет.“

Изложбата, на која ќе бидат претставени дела од дваесетина познати македонски уметници од разни генерации и која е поставена по повод Божиќ, најголемиот христијански празник, ќе трае до крајот на јануари, 2023 година.

На изложбата ќе бидат застапени творби на следниве уметници: Томо Шијак, Томе Мишев, Доне Милјановски, Ставре Димитров – Стадим, Данчо Ордев, Страхил Петровски, Гоце Божурски, Јован Шумковски, Симонида Филипова Китановска, Вук Митевски, Мирослава Микица Трујкановиќ, Нове Франговски, Душан Перчинков, Димитар Кочовски, Павле Кузманоски, Петар Попчев, Илија Спасовски – Чендо и Владимир Георгиевски.

"Вековното почитување на христијанството во Македонија постојано се рефлектира врз творештвото на ликовните уметници. Во повеќето од нивните дела се наѕира продолжувањето на византиската ликовна естетика и средновековното традиционално фигуративно сликарство. Но, овие ликовни творби имаат и асоцијативни, апстрактни пристапи каде што сакралното е сведено на знак, поточно симбол, со цел да се откријат суштинските референци за судбината на современиот човек" - ќе рече за оваа изложба историчарот на уметност и долгогодишен директор на Музејот на град Скопје, Климе Коробар.

Изложбата е во организација на Галеријата „Метаноја,“ во соработка со Балканскиот институт за вера и култура и Асоцијацијата за култура „Икон.“

ОкоБоли главаВицФото