Soy un perdedor

07.12.2022 13:33
Soy un perdedor

Од денес на Окно, секоја среда, колумна на Марија Џонс.


После поноќи е, и чак и у Бероо морам да викнам такси. То зашо и за натака кај шо одев на госје на брдо Јуовец и од кајшо сеа се враќав беше напорно за мојте скапани колена. И после дваесе саати будност, шишето Мерло шо го стопив скроз сама док зетко цефчеше раќија ми ја плака мајката, чак и го претурив од астал, за среќа празно.

И така се слизнуем ја од јуовечкиот рид назад дома у поречието брегалничко у ауто шо појма неам какво е, и со чоек шо појма неам кој е, важно запикасуем дека вожњата не си ја замишљам успорена у пијана зашеметена мечтателност, него е стварно ептен бавна пошо шоферот со една рака врти волан низбрдо, а со другата скрола по мобиљка и чита.

Мене баш ми е гајле (за сејфти тоа), едино ме копка шо ли тоа чита, посебно шо текстот е ептен дугачок (раритет коа све на нет се мери у секунди и едвај минути, а па и на крај имаше сличе некое жутобраонзелено шо дефинитивно не беше фотка инстраграмџиска, а дефинитивно не од женско со вештачко-блесави бузи/веѓи/цицки/г‘зои).

То стана небитно ко стигнавме на паркингот при градинката (значи дома) и фокусот ми се пребаци на достојанствено излегуење од кола, корачање до дома без занесуење лево-десно и јавуење на братучеда ми, која прецизно ја беше снимила ситуацијата, а да ѝ кажам дека сум си дошла дома читава.



Рано сабајлето истиот ден излегов по истиот пут од дома фришко окупана и трезна и дасосана за еднодевен работен излет у Скопје, а морав да поминам и само двајс‘ метри до аутото на Адмир, кој ме однесе до Козле, до пред врата. Адмир ми е комшија у Берофце, Ром, војно лице у касарна Илинден, а мора да се вози себеси у тамнозелениот опел до Скопље секој ден отко го раскинале тендерот за превоз на војаци од по Источната Македоња со обеќање дека ќе го обноват тек од јануар. И така Адмир, за да не банкротира, нè собира кој и да e шо ќе му се јави со полазак у пет и пол и враќање у три, за да си покрие трошаци за гориво и путарина дур‘ вози од Берово до Скопље сваки дан за да ја брани таткоинава. Ко го прашав шо се сменило отко сме натовци-зликовци, ми кажа дека многу почесто вежбаат гаѓање и имаат нови цокули и униформи, па не мора да ја носи опремата секој викенд назад дома на крпење.

Ај, заеби Адмир и војската, некако ми е још увек ново и изместено идењето у Скопје со него, отко поретко идам со Андон Компани из Пехчева, чиешо комбе застануе на бивша аутобуска (сеа све то, и аутобуска и бероски превоз, мало пропало), исто у пет и по, ама после застануе у Смојмирово да се пребацуеме у аутобус, а разнесуе и работнички од Берово и од по селата шо патуат секој ден до Виница на работа, пошо овде у Берово сме катастрофа со бизнис, сите фирми се бивши, осим можда тие јадните покушаји за туризам.



Ал‘ ептен некако важно ми се осеќа и недостатакот од кафана Кеки у Пензиското поред река шо ја одминуев у цик зоре накај аутобуска, и таа од скоро затворена, у која чистачките и куварките отвараа у истото тоа петиполско време, ко и дуќанчето на мостот (бероские драгстор, ама газдата недавно му умре), а ја си ги сфаќав и двете овие раноранилаштва ко добредојде за Л‘ил‘ка која понекад чак и ги чекаше да отворат овие естаблишменти, со чантичето од девесто седумдести преку ручето свиено у „ел“ ко кај сите шмизли, за да си купи тутун и каве.

И Л‘ил‘ка е бивша, односно скорешно упокоена, негде шеес‘ и нешогодишњакиња за која никад никој не би рекол дека ги има годините, иако свашта друго би можело да си каже еден уобичаен Балканац, а и шире.

Л’ил‘ка дефинитивно имаше проблеми со ментално здравље, ама па беше жустро и активно женско, осим ко ќе ја институционализираа под морање, иначе си седеше у старата куќаод родитељите (онаква македоначка ко од разгледници со чардаци) и имаше некакви средства на располагање, не знам по кој основ, ама кои често не ѝ стигаа, и поред тоа шо разна бероска раја ѝ имаше отворено рачун за кафиња и лапачка кај Кеки, од таму и свечаното отварање на кафанава у цик зоре од нејзина страна. Можда, зашо, ко шо разбрав, нејни блиски роѓаци дигале кредити у нејно име, ал за свое користење, нормално.

Имаше Л‘ил‘ка и онаков деветнајстовековни деформиран нос од пијанство и некакви а-ла розацеа шрафури по фаца појма неам од шо, и плаво млитаво косе, а шо е исто така битно, и здрав сексуален апетит, па следствено на тоа и љубавници, за шо се распредаа прикаски по Берово.



Често беше дискутирана и у склоп на тријадата лузери кои едно време редовно си преспиваа згрчени по центарските клупи низ Берофце, сеа сите покојни, а копиљаците тинејџерско-адолесцентски чак и се заебафкаа дека треба да ги стаат на градската разгледница: Л‘ил‘ка, Предаре и Перо Маката.

Предаре беше апла јуродивски изгледајуќи лузер со отровно плави очи и тамно плави или светло смеѓи косурини затерана улево и брадурина до испод цицки. Некад работел у некадашњата робна куќа на Меркур овде у Берово и бил харттроб за женскиње, ама изглеа се потфлипнал малце пциички и дал отказ уше пред да го устечајисаат ко сите други колеги. Важно на крај беше епски алкос шо спиеше у племна до гробиштата и често се прерануеше со оставаните понадици по гробои. На крај више му ги уручуеја лично после секој погреб и помен, исто ко и на попот шо „чинодејствуе“, ама на Предаре не му даваа и по цела една радничка дневница за петнајс‘ минути поенце, него само у натура.

Перо Маката пак беше бил дечко који обеќава, негде пе-шес годиница постар од мене, важно малце помлад од другиве два, дефинитивно џен-екс, правник на путу да се оправосуди (у она време коа уше се гаеше некаков страхопочит према школо, пред да си го скресаме и срозаме до своја некако позгодна праматарска мера) у некое вишо правничко-адвокатско-судиско звање. Ама па ни тија негови плавушански ситни локни ко кај овчица, а и мрачњикавиот морозен сурат, изглеа не биле предвидени за успех, па и он запечали алкохоличарски нос и пропаст и место на клупата на бероски знаменитости дур‘ не умре и отпутуе у заборавската вечност и спокој од коишо и ја еве го скоривам.

Ама мене само Л‘ил‘ка ми прифалуе и она нејно реско алтовско-пушачко „з‘драво“ посабајле, или у кое било доба дана ко ќе налетав на неа, залетана негде у некоја (не)дешавка со целата сила на нејното благословено битивце. Завчера чак и свеќа ѝ запалив ко отидов суботно претпразнично на гробље. Ко се з‘гнав преку тестосаната глинена кал накај гробот на исто така бившата ни (тазе почината) баба Пина (легендица женска за која некоаш убудуќездравје ќе расправам) да ѝ запалам свеќа, налетав на копиљ узјапан отсутно у својата мобиљка како стои до гробот на Пина поред една чудна сај-фај машинка илити чудо технике, со рамка и покретен дел шо зујкаше и ѝ го уцртуеше/урежуеше ликот на споменикот одма до ликот на мужот ѝ после едно триес‘ години, па морав да си се откажам од намерата назадечким кораком, и така и ѝ го нагазив гробот на Л‘ил‘ка. Каква „среќна“ случајност. А бе ко за себе свеќа да сум си запалила.



Слики: Ed Spence

П.С.

Нешо по тинтара ми се мотаа актуелни феминистички и лгбт прикаски вероватно уповодени од денот на толеранција од пред некоја недела и статистички утврденото македоначко ништожество по таа тема, ама ете ова прво сакало да излезе, а инаку сите ќе беа илустрирани со Бек, ама со некои други ствари, овојпут идеме со неговиот прв хит како најсаодветен.

Музичка илустрација: Beck - Loser

Слични содржини

Книжевност / Живот
Општество / Книжевност / Живот
Книжевност
Книжевност / Живот
Книжевност / Живот
Книжевност / Живот

ОкоБоли главаВицФото