Теоретичари на заговор планирале вооружен напад на Германија

07.12.2022 18:58
Теоретичари на заговор планирале вооружен напад на Германија

Утрово во Германија, со 3.000 полицајци започна операција на апсење на екстремно десничарска терористичка група под обвинение: планирање државен удар, односно соборување на демократски избраната влада. Акцијата била спроведена истовремено во единаесет германски сојузни покраини, при што биле претресени повеќе од 130 станови, канцеларии и магацини, а биле уапсени 25 мажи и жени. Претресени се и касарните на Командата на специјалните сили (КСК) во Калв, Баден-Виртемберг.

Сите 25-мина уапсени треба да бидат изведени пред истражните судии на Федералниот суд во Карлсруе во среда и четврток, пишува Шпигел. Екстремистичката група располагала со голема сума пари, а во нејзините членови се вбројува и поранешна политичарка на АфД, пратеничка во Бундестагот, а денес судика во Берлин.


Ова е една од најголемите полициски операции против екстремистите некогаш извршени во Германија, пренесува Шпигел. Под истрага се вкупно 52 лица, инволвирана е полицијата во Австрија и Италија. Главната акција се одржа во Баден-Виртемберг, Баварија, Саксонија, Хесен и Тирингија. Целта на акцијата е група десничарски екстремисти од милјето на таканаречениот Рајхсбиргер, Граѓани на Рајхот, кои не признаваат демократска држава.

Се смета дека мозокот на целата операција е 71-годишен брокер за недвижности од Франкфурт, теоретичар на заговори со историско име Хајнрих XIII. Принцот Ројс кој жали за монархијата, и смета дека денешна Германија не е суверена држава. Вториот осомничен е поранешниот командант на единицата падобранци, Рудигер фон П. (69). Се смета дека за радикализација на групата, улога можеби одиграла теоријата на заговор QAnon, која одиграла улога и во мобилизирањето насилници за нападнат на Капитол во Вашингтон во јануари 2021 година.


Според истражителите, заговорниците околу принцот Ројс планирале вооружен напад врз Бундестагот и апсење на политичари од ноември 2021 година, очекувајќи дека тоа ќе предизвика немири во Германија. Тие сметале на тоа дел од безбедносните сили да премине на нивна страна, што ќе доведе до преземање на власта. Но, според информациите на Шпигел, поминале неколку дена од датумот кога групата сакала да го изврши нападот, а тие не презеле ништо.

Извор: Jutarnji list