Жар-птица*

07.12.2022 19:52

Лебдејќи по небото црно луташ,

на расприкажаните планински извори

Им пркосиш и не се спушташ

Среде ноќните разговори и цвркоти.

Стрела во летот јаркоцрвена,

На искрената бајка си дар,

На земја ненадејно ставена

Ти на блескавоста си удар.

Тие светлини пробиени

Ти ги открија особините

(Пред животот криени),

Под закрила на темнините.

 

*Митолошка птица во верувањата на источните Словени. Преку ден е сокриена и спие, а ноќе излетува од своето гнездо и така блескава осветлува цели предели. (Заб. прев.) 



Варлам Тихонович Шаламов (1907-1982) - руски писател, поет и новинар. Најпознат е по долгогодишното заточеништво во логорот Гулаг, за што оставил потресни и извонредно вредни книжевни сведоштва. Во 1956 година бил рехабилитиран и му било дозволено да се пресели во Москва, каде што работел во книжевното списание „Москва“.

Своите искуства од заробеништвото во Гулаг Шаламов ги опишал во книгата„Приказни од Колима“. Неговите логорски записи биле прокриумчарени на Запад, каде што биле објавени во 1966 година. Во Русија биле објавени само како самиздат. Целосното издание на овие записи се појавило во Лондон во 1978 година, на руски и на англиски јазик. 

Превод и подготовка: П. В.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото