Приватните превозници го злоупотребуваат правото на протест

09.12.2022 11:32
Приватните превозници го злоупотребуваат правото на протест

1. Не протестираат возачите и персоналот туку нивните автобуси! Прееска поминав по Илинденска и има 100 автобуси и двајца без тројца луѓе. Тоа е настапување од позиција на сила имам аутобус блокирам што ве вртам. Ај да ги видам нека остаат автобусите нека протестираат лично со транспаренти со шатори со глад ако треба и така нека блокираат град ... пошто има и други групи во општеството побројни од 200те Сталинисти кои што исто така имаат за што да протестираат (дури и многу по легитинмо) ама немаат 200 автобуси камиони или бродови за да го блокираат градот или државата, а сепак и протестираат и успеваат да најдат решение за нивните проблеми.

2. Ако сакаат да покажат нешто креативно со автобусите, нека ги наредат од сите страни на управата и канцеариите на Град скопје да неможе жилет да помине и така нека ги блокираат.

3. Нека се договорат со Ленин, Сталин и остали што сакаат - пари или договори пошто договори и ја не би им дал после сево ова - тука дури и данела ќе ја поддржам ако треба, ако се повикуваат (а Ленин тоа цело време вика) дека дејност од посебен општествен интерес тогаш нека и се однесуваат така а не да протестираат со недели и го блокираат градот.

4. Од 23 до 05 нека си ги тргнат настрана автобусите да може комуналец да го исчисти ѓубрето кое го прават преку ден а не им текнуе да зачистат.

5. Нека сфатат дека после еб.. нема каење и дека голем број скопјани ова ќе им го памтат и ќе ги стават на тивок бојкот. па да видам кого ќе возат.

ОкоБоли главаВицФото