1025 hPa
87 %
6 °C
Скопје - Чет, 12.12.2024 04:59
Францускиот уметник Квентин Гарел ја истражува практиката на спортско ловење на животни, заедно со традицијата на чување животински трофеи, во неговата серија скулптури со големи размери. Излеани од бронза или изрезбани од дрво, овие масивни уметнички дела се инсталирани во соби и надворешни простори, и ги претставуваат убиените животни кои се препарирани за прикажување.
Од слонови и жирафи до огромни пипала, Гарел во своите дела покрива широка биолошка разновидност. Некои од скулптурите се дури направени и стилизирано, како стилизираните черепи и скелети кои ја претставуваат целата иронија на ловечките трофеи. Гарел преку овие дела ја осудува човековата "доминација над животното, која на него гледа само како предмет за потрошувачка."
Извор: My Modern Met