Магазинот Time ги прогласи жените од Иран за херојки на годината

12.12.2022 11:33
Магазинот Тајм ги прогласи жените од Иран за херојки на годината

Откако 22-годишната Махса Амини беше уапсена од страна на иранската полиција за морал поради несоодветно носење хиџаб и почина во нивен притвор, во септември оваа година на улиците на Иран избувнаа масовни протести за човекови права. Светот, исто така, застана зад храбрите Иранки кои излегоа на улиците, а сега и магазинот Time ги призна овие жени за херојки на годината, за 2022.

„Движењето што тие го водат е образовано, либерално, секуларно, подигнато е како резултат на повисоки очекувања и очај за нормалност: факултет и патување во странство, пристојни работни места, владеење на правото, пристап до Apple Store, значајна улога во политиката, слобода да се каже и да се носи што и да е“, се вели во есејот што ја придружува објавата, напишан од поранешниот колумнист на TIME, Азадех Моавени. „Тие се сосема различни од оние што дојдоа пред нив; понекогаш тие се чувствуваат повеќе како транснационални претставнички на генерацијата Z отколку како Иранки."

Во својот есеј, Моавени зборува за тоа колку се значајни постапките на овие жени, не само во нивната земја, туку и во светот воопшто. Таа објаснува: „Засега, регионалниот и поширокиот одек на револтот на иранските девојки не може да биде посеизмички. Во соседните Ирак и Авганистан, земји каде насилството врз жените е ендемично, активистите држат плакати со нивните ирански сестри. Феминистките ширум светот, особено во Европа и Латинска Америка, го гледаат исходот во Иран како бранител за нивните сопствени борби“.

Признанието за херојството од страна на Time магазинот е и начин да им се оддаде почит на овие храбри луѓе и претставува сигнал за поддршка на нивната кауза. "Со над 18.000 демонстранти кои се приведени од страна на властите, од кои 11 се осудени на смрт, најважно е светот да стане свесен за борбата на овие млади луѓе", се вели во објавата на Time. "Да бидaт етикетирани како херои наместо како криминалци е начин да се засилат нивните замолчени гласови и да се привлече вниманието на целиот свет за ова прашање за човековите права".

Извор: My Modern Met