1008 hPa
68 %
17 °C
Скопје - Нед, 15.09.2024 16:00
„Вознемирена земја“ (Disturbed Earth), документарниот филм на македонската режисерка Кумјана Новакова и шпанскиот режисер Гиљермо Карерас-Канди се квалификува за „Оскар“ во категоријата за долгометражен документарен филм. Станува збор за шпанско-босанска-македонска копродукција, а филмот се квалификува за „Оскар“ со освојувањето на Гранд при наградата на 14. Фестивал на документарен филм ДМЗ Докс (DMZ Docs), што се одржува во Кореја. Академијата за филмски уметности и науки во САД ја објави листата на филмови кои се квалификуваа за 95-то издание на Оскарите, а гласањето започнува денес (12 декември).
Освојувањето на наградата на ДМЗ Докс беше проследено и со втората извонредна рецензија во едно од најпрестижните филмски списанија на светот „Скрин Дејли” во која се вели:
"„Вознемирена земја“ е рефлексија и оддава почит на одлучната истрајност на човечкиот дух и неговиот капацитет да ги издржи и преживее и најстрашните околности.”
Филмот ја имаше својата премиера во официјалната селекција на Филмскиот фестивал во Сараево, по што беше дел од официјалната програма на некои од најреномираните интернационални филмски фестивали во светот.
Вознемирена земја“ е добитник и на специјалното признание „Кромид“ во главната програма за најдобар интернационален долгометражен креативен документарен филм на овогодинешниот МакеДокс, а беше номиниран и за најдобар источноевропски долгометражен документарен филм од Институтот за документарен филм во Прага.